Ким Кардашијан повторно критикувана за (не)воспитувањето на децата – Синот Сент (7) покажува среден прст на папараците
- Детали
- понеделник, 18 септември 2023
Ким Кардашијан повторно е критикувана дека не знае да си ги воспита децата, откако нејзиниот 7-годишен син покажа среден прст пред група папараци. Ким веднаш реагираше и го искара Сент, а тој само се смееше.
Ким Кардашијан и нејзиниот 7-годишен син Сент беа на кошаркарски натпревар во петокот (15.09).
Додека излегуваа од натпреварот, Сент им покажа среден прст на папараците, по што Ким го искара.
42-годишната ријалити ѕвезда и синот одеа кон автомобилот, кога Сент покажа среден прст кон папараците. Ким веднаш реагираше – го искара и му го покри лицето со дланката.
Сент, пак, само се смееше.
Ким честопати е критикувана дека е „лоша мајка“, а ова не е првпат нејзините деца да се однесуваат неучтиво. Минатото лето, на Инстаграм лајв видео, Сент ги навреди следбениците на Ким.
Ким снимаше во нејзиниот автомобил со синовите Сент и Псалм.
Таа им рече на синовите да ги поздрават фановите на Инстаграм, по што Сент рече:
„Здраво чудаци!“
Ким веднаш му рече на Сент да престане и го прекина снимањето.
Во 2011-та, пак, Ким откри дека Норт им правела проблеми додека правеле божиќна фотосесија.
„Децата постојано плачат. Воопшто не се согласуваат. Повеќето фотки што ги направивме се неупотребливи, бидејќи Норт покажува среден прст на нив.
На вакви денови само сакам да се затворам во собатa. Премногу е. Навистина е премногу да бидеш мајка“, изјави Ким во ријалити шоуто на Кардашијанс.
На неколку видеа на ТиТок и Инстаграм, децата на Ким самите ја критикуваат мајка им и откриваат дека се однесуваат лошо кон неа.
На видео кое беше споделено на Инстаграм Стори, Сент изјави:
„Знам дека сум многу лош кон тебе. Ти велам дека не ми значиш ништо, но за мене ти си целиот свет“.
Во друго видео, ќерка ѝ Чикаго изјави дека Ким никогаш не готви, како и дека одењето во теретана е она што мајка ѝ го прави најдобро.
Децата на Ким многупати и имаат „упаднато“ на Инстаграм лајв видеа, а во повеќето ситуации на ријалити ѕвездата ѝ е тешко да ги контролира.
Оние кои ја критикуваат, истакнуваат дека децата се мали и нормално е да се однесуваат така, но сметаат дека Ким дефинитивно не знае да ги воспитува.
Прочитајте и: Од мала живее на висока нога – Норт Вест (8) ја покажа колекцијата чанти, вредна илјадници долари
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





