Вин Дизел на Фејсбук

vin-diesel-na-facebook-povekjeМногу ретко се случува некоја голема ѕвезда навистина да сака да чуе што имаат да кажат фановите. Додека повеќето глумат љубезност на...


...црвениот тепих, а инаку одбиваат да потпишуваат автограми токму Вин Дизел е исклучокот што покажува дека ако си човек на место славата нема да ти го помати умот.

Во моментов ѕвездата од Fast & Furious има 28,494,184 фанови на Фејсбук кои не се таму за да гледаат како ги оговара своите колеги или како рекламира пасти за заби и третмани за слабеење. (Само да се потсетиме дека Ким Кардашијан добива по $10.000 долари за да твитне реклама за некој производ!).

Вин Дизел гради пријателски однос со оние што ја следат неговата страница. Не само што постира фотографии од детството и зборува за советите што ги добива од родителите, тој ги чита и коментарите што му ги оставаат фановите.

Најчесто добива по околу 10.000 коментари, па искрено му се воодушевуваме на посветеноста! Открива дека кога ќе налета на особено интересен коментар со мудар цитат или став што поттикнува подлабоко размислување го отвора и разгледува личниот профил на личноста што го напишала. Можеби така дел од неговите фанови ќе добијат и „френд риквест“ од Дизел во живо :)

Веројатно ќе ве изненади она што се крие зад мачо типот од холивудските акции. Негова мисија е со фановите на Фејсбук да создаде мултикултурна заедница која не само што нема предрасуди и не се оптоварува со нечија расна и етничка припадност, туку и си пружа меѓусебна поддршка особено во потрагата по среќа и остварувањето на животните соништа.

Вин Дизел ги чести фановите со премиерно прикажување на трејлери од неговите филмови и никогаш не пропушта да истакне колку е горд на позитивната енергија на неговата фејсбук страница.

vin-diesel-na-facebook-2На вечера со татко му

vin-diesel-na-facebook-1Со мајка му во Перу

vin-diesel-na-facebook-3За да ги увери скептиците дека навистина ја води фан-страницата
приложи „самослик“ како доказен материјал :)

vin-diesel-na-facebook-6Редовно постира инспиративни цитати

vin-diesel-na-facebook-5Дизел потишува копија од филмот Pitch Black

vin-diesel-na-facebook-4Галантниот Вин ѝ ја бакнува раката на новинарка како реакција на нејзин охрабрувачки коментар за филмот на кој работи во моментот.

Го лајкнавте Вин?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаше анален рак, нејзината прва љубов почина од тумор на мозокот: Факти за „Бри“ од „Очајни домаќин... Марша Крос, попозната како Бри од „Очајни домаќинки“ ја изгубила својата прва ви...
Салма Хајек сподели ретки семејни фотки - со сопственикот на Balenciaga го слават 18-тиот роденден н... Салма Хајек ги изненади фановите со ретки фотки од семејството - со сопругот мил...
Бруклин и сопругата пијат вино од 17.000 $, по гласините дека Никола Пелц добива џепарлак од 1 милио... Покрај она што го кажа Бруклин, некои извори велат дека конфликтот меѓу неговото...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
„Имаш 6 прсти?“ – Крис Џенер критикувана за фотошопирање, откако си го подмлади изгледот И мама Крис потпадна на претераното уредување фотографии и се засрами со Фотошоп...

Најчитани неделава