Џеј Ло кришум јаде бургер, Иванка Трамп го прослави 97-иот роденден на баба ѝ: Фото-докази дека ѕвездите се „обични“ луѓе
- Детали
- недела, 08 октомври 2023
Кој беше фотографиран како се шета со откопчани пантолони по долгиот лет, а кој се пожали дека и покрај тоа што има милијарди на сметката, сепак не може да се справи со проблемите со акните? Погледнете кои ѕвезди покажаа дека се обични смртници и ги имаат истите проблеми како нас, обичните луѓе.
Често се случува познатите личности да бидат „уловени“ од папараци фотографите во оние мигови кога не сакаат никој да ги види, но овие фотки се идеални за да нѐ потсетат дека и ѕвездите се само обични луѓе и дека зад совршените ликови на Инстаграм и на филмското платно се кријат „обични“ смртници.
И ѕвездите како и обичните луѓе, не можат да одолеат на вкусен бургер, знаат да го откопчаат копчето на панталоните за да се чувствуваат поудобно, а исто така го прославуваат и роденденот на своите сакани во скромна „домашна“ атмосфера.
Погледнете повеќе фотки во продолжение:
Иванка Трамп во „скромни“ домашни услови го прослави 97-иот роденден на нејзината баба, Мари Зелничкова, која е мајка на нејзината мајка, Ивана Трамп.
Ева Лонгорија сама го менува апаратот за детекција на чад во домот. Не ѝ треба мајстор за ситни поправки во домот.
Принцезата Кејт во тренерки учеше како да игра рагби со количка за инвалиди. Ова се ретки фотки на кои принцезата можеме да ја видиме во неформално издание.
Џенифер Гарнер се шета со откопчано копче на пантолоните низ аеродорм по долгиот лет.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





