Гласини дека е скиентолог, удри репортер: Скандалозни детали од животот на Вил Смит

Бил уапсен за физички напад

Во 1989-та, кога имал само 20 години, Вил Смит бил уапсен за физички напад.

Според полицискиот извештај, актерот му наредил на својот телохранител да нападне маж. Телохранителот почнал да го удира мажот толку силно, што му скршил коска на лицето и речиси му го оштетил левото око.

По ова, актерот поминал една вечер во затворска ќелија, но подоцна бил ослободен.

glasini-deka-e-skientolog-pominal-edna-nokj-vo-zatvor-skandalozni-detali-od-zhivotot-na-vil-smit-07.jpg

Му удри шлаканица на репортер

Се чини актерот неретко има проблеми со темпераментот.

Во 2012 година, за време на премиерата на третото продолжение од Men in Black, Вил Смит удри репортер.

На црвениот тепих, репортерот проба да го бакне актерот како дел од шега, по што тој изреагира бурно и го удри.

Актерот стоеше на ставот дека не погрешил, изјавувајќи:

„Извинете, но тој проба да ме бакне на устата. Среќен е што не го удрив посилно“.

glasini-deka-e-skientolog-pominal-edna-nokj-vo-zatvor-skandalozni-detali-od-zhivotot-na-vil-smit-08.jpg

Гласини за неверство

Бракот на Вил и Џејда е навистина чуден, уште повеќе откако открија дека се разделени веќе седум години, но не сакаат да се разведуваат.

Помеѓу бројните контроверзии во врска со бракот, се истакнуваат гласините за неверството на Вил со Марго Роби.

glasini-deka-e-skientolog-pominal-edna-nokj-vo-zatvor-skandalozni-detali-od-zhivotot-na-vil-smit-10.jpg

Во 2013 година, актерот и Марго соработуваа на филмот Focus. Наводно, поминувале многу време заедно и постојано флертувале, по што почнаа да се јавуваат гласини дека имале афера.

Марго Роби ги негираше гласините, додека Вил Смит до денес се нема огласено за нив.

glasini-deka-e-skientolog-pominal-edna-nokj-vo-zatvor-skandalozni-detali-od-zhivotot-na-vil-smit-09.jpg

Критикуван е за воспитувањето на децата

Психоделичната дрога не е единственото нешто поради што е критикуван Вил во врска со воспитувањето на децата.

Кога Вилоу имаше 13 години, беше објавена фотка на која таа позира со 20-годишен актер без маица, и тоа во кревет.

Вил и Џејда се соочија со критики бидејќи дозволиле нешто такво, но тие изјавија дека им дозволуваат на децата да прават што сакаат, притоа истакнувајќи дека според нив, фотката не била несоодветна за возраста на Вилоу.

glasini-deka-e-skientolog-pominal-edna-nokj-vo-zatvor-skandalozni-detali-od-zhivotot-na-vil-smit-11.jpg

Шлаканицата на Оскарите

И, дефинитивно, можеби најголемиот скандал од животот на Вил Смит е веќе легендарната шлаканица.

Актерот го удри Крис Рок на доделувањето во 2022 година, откако комичарот кажа шега на сметка на Џејда.

Џејда има алопеција, но комичарот не бил свесен за ова, па се пошегува.

Подоцна актерот се извини за инцидентот:

„Моите постапки беа шокантни, болни и без оправдување. Листата на оние што ги повредив е долга и ги вклучува Крис Рок, неговото семејство, многу мои драги пријатели и сакани, сите кои присуствуваа и луѓето кои го следеа настанот“.

Прочитајте и: Со сопругата имаат отворен брак, израснал со насилен татко – Факти за Вил Смит

glasini-deka-e-skientolog-pominal-edna-nokj-vo-zatvor-skandalozni-detali-od-zhivotot-na-vil-smit-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...

Најчитани неделава