Џенифер Анистон, Мет Лебланк и Кортни Кокс со емотивни објави, две недели по смртта на Метју Пери: „Летај високо, конечно си слободен“

„Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш“ – му порача Мет Лебланк на колегата Метју Пери, 2 недели по трагичната смрт на актерот кој беше најден мртов во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес.

met-leblank-i-kortni-koks-so-emotivni-objavi-dve-nedeli-po-smrtta-na-metju-peri-letaj-visoko-konechno-si-sloboden-001.jpg

Две недели по трагичната смрт на актерот Метју Пери (54), кој ќе остане запаметен по улогата на Чендлер во серијата Friends, неговите колеги упатија емотивни пораки на социјалните мрежи.

Џенифер Анистон, Мет Лебланк и Кортни Кокс објавија повеќе фотки со Метју на Инстаграм и до нив напишаа емотивни пораки.

met-le-blank-i-kortni-koks-so-emotivni-objavi-dve-nedeli-po-smrtta-na-metju-peri-letaj-visoko-konechno-si-sloboden-02_copy.jpg

Мет, кој во Friends ја толкуваше улогата на најдобриот пријател на Чендлер, Џои Трибијани, не ја крие болката заради прераната загуба на пријателот.

„Со тешко срце велам збогум. Времето што го поминавме заедно, искрено е едно од најубавите времиња во мојот живот.

Беше чест со тебе да ја делам сцената и да те викам мој пријател. Секогаш ќе се насмевнам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш.

Рашири ги крилјата и летај брате, конечно си слободен. Со љубов.

met-le-blank-i-kortni-koks-so-emotivni-objavi-dve-nedeli-po-smrtta-na-metju-peri-letaj-visoko-konechno-si-sloboden-03.jpg

И, претпоставувам дека ќе ги задржиш 20-те долари што ми ги должиш“ – напиша Мет.

Кортни Кокс сподели една од најсмешните сцени, кога Рос во Friends ги фати во кревет, а до видеото напиша:

„Благодарна сум за секој миг што го имав со тебе Мети и ми недостасуваш секој ден.

Кога со некого работиш толку блиску како јас што работев со Метју, постојат илјадници мигови што би можел да ги споделиш. Засега, ова е еден од моите омилени мигови.

met-le-blank-i-kortni-koks-so-emotivni-objavi-dve-nedeli-po-smrtta-na-metju-peri-letaj-visoko-konechno-si-sloboden-08.jpg

Да ви објаснам што се случува. Чендлер и Моника треба да имаат секс за една вечер во Лондон.

Но, заради реакцијата на публиката, ова беше почетокот на нивната љубовна приказна. Во оваа сцена, пред да почнеме да снимаме, тој ми шепна смешна реплика што требаше да ја кажам.

Често правеше така. Беше смешен и љубезен“ – напиша актерката.

За потсетување, Метју Пери беше најден мртов во џакузи во неговиот дом на 28-ми октомври. Иако првичните наоди за причините за смртта се готови, засега надлежните не соопштуваат информации и нагласија дека ќе бидат потребни дополнителни испитувања.

Според дел од американските таблоиди се очекува дека причината за смртта ќе биде откриена со токсиколошките наоди, а дека е голема можноста кај него да биде откриена супстанца што не е позната или не се знае дека актерот ја зел.

met-le-blank-i-kortni-koks-so-emotivni-objavi-dve-nedeli-po-smrtta-na-metju-peri-letaj-visoko-konechno-si-sloboden-07.jpg

Џенифер Анистон сподели фотка со актерот на сетот на Friends, како и скриншот од разговор помеѓу нив.

Во разговорот, актерот ѝ ја испратил фотографијата и вели дека му се разубавил денот бидејќи ја насмеал. На ова, Анистон му одговорила: „Првпат од илјадници пати“.

met-leblank-i-kortni-koks-so-emotivni-objavi-dve-nedeli-po-smrtta-na-metju-peri-letaj-visoko-konechno-si-sloboden04.jpg

Актерката сподели и емотивна сцена од хит-серијата помеѓу Рејчел и Чендлер.

„Збогувањето со Мети беше луд бран од емоции кој не сум го почувствувала претходно. Сите се соочуваме со загуба во одреден период од нашите животи. Загуба на живот или загуба на љубов.

Да можете вистински да ја издржите оваа тага ви овозможува да ги почувствувате моментите на радост и благодарност за тоа што сте сакале некој толку многу. И, го сакавме многу.

Тој беше дел од нашата ДНК. Секогаш бевме ние шестмина. Ова беше избрано семејство кое засекогаш промени кои сме и какви ќе бидат нашите патишта.

За Мети, тој ЗНАЕШЕ дека сака да ги насмее луѓето. Како што кажа и самиот, ако не ја слушнеше смеата, мислеше дека ќе умре. Неговиот живот буквално зависеше од тоа. И, навистина успеа. Нè насмеа сите.

Изминативе неколку недели ги разгледував пораките што си ги пишувавме. Се смеев и плачев, па повторно се смеев. Ќе ги чувам засекогаш. Најдов порака што ми ја прати изненадно. И таа кажува сè.

Мети, те сакам многу и знам дека сега си го најде мирот и не чувствуваш болка. Зборувам со тебе секој ден…

Почивај во мир братче мало. Секогаш ми го разубавуваше денот“, стои во описот на објавата.

Прочитајте и „Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Чендлер

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја од... „Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само бе...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...

Најчитани неделава