Со првиот сопруг се омажила на 16 години, мајка ѝ го поништила бракот – Бурното љубовно минато на Мила Јовович
- Детали
- сабота, 16 декември 2023
Гневна затоа што мајка ѝ не ја третирала како возрасна личност, Мила се омажила само на 16 години, за што подоцна се покајала. Вториот сопруг, кој е режисер, ја „запали“ на клада за потребите на филм, а со третиот е во среќен брак 14 години и има 3 деца – Бурниот љубовен живот на Мила Јовович.
Мила Јовович (47) е позната актерка која се прослави со улогите во филмовите The Fifth Element и Resident Evil, но подеднакво привлекуваше внимание и со својот приватен живот.
Денес е омажена со режисерот Пол В.С. Андерсон (58), има три деца, а малкумина знаат дека таа зад себе има уште два брака.
Во продолжение погледнете повеќе детали за бурниот љубовен живот на Мила Јовович:
Мила првпат застанала пред олтар кога имала само 16 години и се омажила со нејзиниот колега од филмот Dazed and Confused, Шон Ендрјус, кој имал 21 година.
Не треба да се каже дека бракот траел кратко. По само два месеца, во 1992-ра година мајка ѝ успеала да го поништи бракот.
Во една пригода Мила беше прашана зошто одлучила да се омажи толку млада, на што таа одговори:
„Во основа сакав да ѝ покажам на мајка ми дека можам. Работев од мои 9 години, но немав картичка во банка. Се сметав себе за голема девојка и сакав да покажам дека сум возрасна, затоа што работев како возрасна и заслужував така да ме третираат“.
Подоцна сама призна дека одлуката била грешка, но дека на 16 години мора барем трипати да го згрешиш правецот пред да ја донесеш вистинската одлука.
Во 1997-ма година Мила се омажи за режисерот Лук Бесон, кој го режираше филмот The Messenger: The Story Of Joan Of Arc, но и The Fifth Element.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





