Како Џони Деп по судењето со Амбер стана најдобар другар со крвавиот принц од Саудиска Арабија?

По јавното судење со Амбер Херд, кралското семејство од Саудиска Арабија стана најголем спонзор на Џони Деп, актерот стана најдобар другар со „крвавиот принц“ а наводно добил седумцифрена сума за да ја промовира преродбата на земјата. Конечно е познато каде „го снема“ Џони откако целиот свет имаше можност да ги дознае бизарните детали од неговиот брак со Амбер.

kako-djoni-dep-po-sudenjeto-so-amber-stana-najdobar-drugar-so-krvaviot-princ-od-saudiska-arabija-01.jpg

Во последните неколку месеци, по јавното судење со Амбер Херд, имавме впечаток дека Џони Деп го снема. Тој летово се појави на Канскиот филмски фестивал каде доби 7-минутни овации, а според најновите информации, тој нашол прибежиште на сосема неочекувано место.

Кралското семејство нa Саудиска Арабија инвестира милиони во последниот филм на актерот Jeanne du Barry, а актерот од друга страна стана најдобар другар со принцот Мохамед бин Салман, кој во јавноста е познат како „крвавиот принц“ и кој привлекуваше внимание заради наводната врска со Линдзи Лохан.

Она што им е заедничко на Деп и на принцот е тоа што и двајцата во минатото беа на удар на критики и беа обвинети за насилство, а и двајцата тврдат дека не се виновни.

kako-djoni-dep-po-sudenjeto-so-amber-stana-najdobar-drugar-so-krvaviot-princ-od-saudiska-arabija-05.jpg

На Џони Деп му беа потребни неколку години и јавно судење за клевета за да успее да си го поправи имиџот, а саудискиот принц во 2018-та година се најде на удар во јавноста откако новинарот Џамал Касоги на Washington Post беше убиен и искасапен од оперативци на Саудиска Арабија, а тој одби да ги казни виновниците, по што го доби прекарот „крвавиот принц“.

kako-djoni-dep-po-sudenjeto-so-amber-stana-najdobar-drugar-so-krvaviot-princ-od-saudiska-arabija-03.jpg

Според пишувањата на Vanity Fair, Џони Деп во јули 2022-ра година се запознал со принцот, откако почнал да работи на филмот за кој саудиското кралско семејство инвестираше милиони.

Додека бил на снимање, еден од присутните му рекол дека братучедот на принцот Мохамед, принцот Бадр бин Фархан Ал Сауд, сакал да го запознае, на што актерот одговорил:

„Нема шанси, не сум обврзан да се дружам со нив“.

kako-djoni-dep-po-sudenjeto-so-amber-stana-najdobar-drugar-so-krvaviot-princ-od-saudiska-arabija-06.jpg

Но, со оглед на тоа што тие инвестираа милиони во неговите филмови актерот сепак ја прифатил средбата, по што започнало пријателството помеѓу него и принцот.

Во 2023-та година, додека многумина се прашуваа што се случува со Џони по јавното судење, тој околу 7 недели бил во Саудиска Арабија, каде имал можност да престојува во кралските палати, да патува со јахти и хеликоптери, а во мај дури имал можност да се врати во Лондон со приватниот хеликоптер на принцот.

kako-djoni-dep-po-sudenjeto-so-amber-stana-najdobar-drugar-so-krvaviot-princ-od-saudiska-arabija-03_copy.jpg

Освен што се во добри пријателски односи, се верува дека Џони Деп потпишал договор со принцот за да ја промовира културата на Саудиска Арабија и ренесансата што во моментов се случува таму.

„Признавам дека на почетокот бев по малку наивен за тоа што се случува во регионот, но имав можност да ја искусам од прва рака културната револуција што се случува овде – од нови раскажувачи кои имаат нови и свежи идеи и уметнички дела, до неверојатна филмска инфраструктура и огромна желба за иновација“ – изјави Џони.

kako-djoni-dep-po-sudenjeto-so-amber-stana-najdobar-drugar-so-krvaviot-princ-od-saudiska-arabija-04_copy.jpg

Според извори блиски до актерот, патувањата во Саудиска Арабија се одлични за актерот, за кој е познато дека со години имаше проблеми со пороците, затоа што таму се забранети алкохолот и опојните супстанци.

Прочитајте и Во брак е со прва братучетка, гласини дека Линдзи Лохан му е љубовница - Кој е „крвавиот“ принц на Саудиска Арабија „тежок“ 13 милијарди фунти?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Се дружи со елитата, има раскошна куќа, но никој не знае како заработува: Животот на Амбер Херд отка... Амбер Херд живее во Мадрид, во куќа што ја купила за 1,5 милиони евра. Веќе не р...

Најчитани неделава