„Оди избањај се“ – Машин Ган Кели мета на критики откако покажа дека со црна боја ги прекрил тетоважите

„Ова е нешто најглупаво што сме го виделе“ – коментираат следбениците на Машин Ган Кели, кој се пофали дека за духовни цели ги прекрил старите тетоважи со црна боја, а на градите оставил само огромен крст.

odi-izbanjaj-se-mashin-gan-keli-meta-na-kritiki-otkako-pokazha-deka-so-crna-boja-gi-prekril-tetovazhite-01.jpg

Откако пред извесен период неговата свршеница Меган Фокс ја покажа новата тетоважа која се протега на нејзината рака, и Машин Ган Кели се пофали со нова уметност на телото. Тој целосно ги прекри тетоважите во горниот дел од телото.

odi-izbanjaj-se-mashin-gan-keli-meta-na-kritiki-otkako-pokazha-deka-so-crna-boja-gi-prekril-tetovazhite-02_copy.jpg

Машин Ган Кели на Инстаграм се пофали со новата тетоважа, која го опфаќа целиот горен дел од неговото тело. Музичарот одлучи целосно да ги прекрие старите тетоважи и остави само неколку делови низ кои „ѕиркаат“ старите цртежи по неговото тело.

Сега целиот горен дел е прекриен во црна боја, а на градите има огромен крст.

„Ова е само за духовни цели“ – напиша до фотографијата.

Но, неговите следбеници не се импресионирани од неговото ново уметничко дело, а некои дури тврдат дека тетоважата е лажна.

„Лажеш брат, оди избањај се и врати се да те видиме“;

„Сигурно за оваа тетоважа си седел 763 часа“;

„Изгледаш како дете што го оставиле само со црн фломастер“;

„Изгледаш како да носиш кроп топ“ – стои во дел од коментарите на социјалните мрежи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
На 33 години почина Кели Мек, младата ѕвезда на The Walking Dead - не успеа да го победи ракот на не... Актерката Кели Мек, една од неколкуте млади ѕвезди на хит серијата The Walking D...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Бјанка Сенсори - гола, Ријана насмеана до бившиот што ја истепа: Најскандалозни моменти од историјат... Ланското појавување на Бјанка Сенсори е скандал на Греми наградите што уште долг...
Пирс Броснан гневен за навредите за изгледот на сопругата – Како ја брани од злобните коментари? „Кели е многу силна жена, а тоа е една од причините зошто Пирс толку многу ја са...

Најчитани неделава