На 33 години почина Кели Мек, младата ѕвезда на The Walking Dead - не успеа да го победи ракот на нервниот систем
- Детали
- среда, 06 август 2025
Актерката Кели Мек, една од неколкуте млади ѕвезди на хит серијата The Walking Dead, почина од ретка форма на рак на нервниот систем на 33 години.

Младата актерка Кели Мек починала на 2 август.
Нејзиното семејство вчера (05.08) преку Инстаграм откри дека таа не успеала да ја добие борбата со ракот, со кој се борела од почетокот на 2025-та година.
„Со огромна тага сакаме да ви соопштиме дека нашата драга Кели почина.
Нејзината светлина се пресели во вечноста, каде што сите мора да заминеме еден ден. Кели почина мирно, додека покрај неа беа мајка ѝ и тетка ѝ.
Оттогаш се појави кај многумина сакани во форма на различни пеперутки. Ќе ни недостига, не постојат зборови со кои можеме да го изразиме тоа“ - пишува во објавата на семејството.

Кели низ годините глумеше во неколку познати серии, но имаше помали улоги.
Публиката ја засака преку улогата во The Walking Dead. Таа глумеше во 9-тата сезона и имаше една од главните улоги меѓу младите ѕвезди на популарната серија.

Актерката откри дека е болна од ретка форма на рак на нервниот систем во јануари, со фотографија направена во болничка постела.
Тогаш на Инстаграм напиша дека првите симптоми ги забележала во септември 2024, откако долго време не ѝ поминувала болката во долниот дел од грбот.

По ова почнало чешање, дополнето со тапа болка во предниот дел на десното бедро, а продолжило со толку силни болки по целото тело, што ѝ било неиздржливо дури и кога пробувала да спие.
Во една од нејзините последни објави таа вели дека едвај чека да ја победи болеста и да се врати на актерството.
Повеќе фотографии од Кели:










А. Ј. | Црнобело