Џери од Spice Girls среде скандал: Објавени „секс“ пораки од нејзиниот сопруг до колешка
- Детали
- петок, 01 март 2024
Нивната врска беше скандалозна уште на почетокот, бидејќи сопругот на Џери ја остави тогашната партнерка кратко откако му роди ќерка. Живееја среќно 10 години, сѐ додека во јавноста не протекоа фотографии од пораките што ги праќал до колешка. Детали за скандалот во кој се најде Џери од Spice Girls.

Поранешната членка на Spice Girls, Џери Халивел, во моментов се најде среде скандал, откако беа објавени непристојни пораки што нејзиниот сопруг Кристијан Хорнер ги испраќал до колешка.
Кристијан претходно беше под истрага за непристојно однесување на работното место.

Во продолжение повеќе детали за скандалот во кој се најде поранешната Ginger Spice:
Џери Халивел го запознала сопругот Кристијан Хорнер, кој е шеф на Red Bull тимот на Формула 1, во 2009-та година на забава на Берни Еклстоун во Монако, но тие двајца не почнале да се забавуваат сѐ до 2014-та година.

Во тој период нивната врска беше осудена од јавноста, затоа што за да биде со Џери, Кристијан ја напушти партнерката со која беше заедно 14 години, само 6 месеци откако се роди нивната ќерка Оливија.

Тие двајца стапија во брак во 2015-та година и заедно се грижеа за нивните ќерки од претходни бракови, а во 2017-та година го добија и синот Монти.

Се чинеше дека Џери и сопругот имаат одличен однос и дека се среќно вљубени, сѐ до почетокот на февруари годинава, кога за првпат беше објавена веста дека тој е под истрага на тимот, откако одредени вработени се пожалиле на непристојно однесување.

Истрагата траеше речиси еден месец и само неколку часа откако тимот утврди дека наводите се лажни и дека Кристијан може да продолжи со својата функција, во повеќе таблоиди беа објавени непристојни пораки и фотографии што тој ги праќал до колешка.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св...
„Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна...
Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено
Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли...
Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...