Тренд или скандал: Голотијата на сопругата на Канје Вест инспирација за славните дами на црвен тепих

Кирстен Стјуарт, Ема Корин, Кои Лерај... Славни дами кои се појавија во комбинации слични на скандалозните изданија на сопругата на Канје Вест.

trend-ili-skandal-golotijata-na-soprugata-na-kanje-vest-inspiracija-za-slavnite-dami-na-crven-tepih-01.jpg

Бјанка Сенсори од сосема непозната личност, стана една од најозборуваните жени во светот, благодарение на бракот со Канје Вест и разголените и скандалозни модни изданија, во кои ретко кој би имал смелост да се појави.

И додека многумина шпекулираат за модниот избор на Бјанка и дали тој се граничи со законите за непристојно појавување, се чини дека нејзините стајлинзи сепак се инспирација за некои изданија на црвениот тепих.

trend-ili-skandal-golotijata-na-soprugata-na-kanje-vest-inspiracija-za-slavnite-dami-na-crven-tepih-02.jpg

Така, забележително е дека едно од „поскромните изданија“ на Бјанка за време на Модната недела во Милано во февруари годинава, било инспирација за стајлинзите на барем неколку познати дами, а во слични изданија се појавувале и други дами во минатото.

Актерката Кирстен Стјуарт се појави на премиерата на филмот Love Lies Bleeding во провокативен аутфит, кој премногу потсетува на она што Бјанка го носеше неколку недели претходно.

trend-ili-skandal-golotijata-na-soprugata-na-kanje-vest-inspiracija-za-slavnite-dami-na-crven-tepih-03.jpg

Инаку, стајлингот во кој навидум славните личности се шетаат само во долна облека беше присутен и на доделувањето на Греми наградите, па така Мајли Сајрус на црвениот тепих се појави речиси гола, а раперката Кои Лерaj носеше само сако и долна облека.

trend-ili-skandal-golotijata-na-soprugata-na-kanje-vest-inspiracija-za-slavnite-dami-na-crven-tepih-04.jpg

Во сличен аутфит се има појавено и актерката од серијата The Crown, Ема Корин, а слични изданија беа забележани и на Модната недела во Париз.

Без разлика на тоа што многумина го осудуваат Канје за тоа што ѝ го прави на сопругата која постојано парадира полугола (или сосема гола) на настаните, јасно е дека нејзиниот стајлинг е инспирација за многумина.

Погледнете повеќе фотографии во галеријата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Хали Бери (59) се вери со дечкото, по три разводи: „Ми се смачи да ме жалат дека сум кутра и немам с... „Не е точно дека кажав НЕ, секако дека ќе се омажам за него. Во минатото, по 3 р...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...

Најчитани неделава