Направила операција за да личи за неа: Која е сестрата на Крис Џенер, која почина ненадејно?

Како што спомнавме, Карен честопати ја критикуваше Крис за парите во интервјуа:

„Не ми е гајле колку пари имаш или која си, ти си ми сестра. Не се плашам од неа.

Но, повеќе не можам да допрам до неа, веројатно од парите. Сега е многу позната личност и се промени. Видов што ѝ прави богатството…“

napravila-operacija-za-da-lichi-za-nea-koja-e-sestrata-na-kris-dzhener-koja-pochina-nenadejno-10.jpg

Наводно, односот на сестрите бил најлош во 2018 година. Тој период Карен била во болница, а ќерка ѝ споделила фотка од болничката соба.

Најпрво, Крис воопшто не познала дека на фотографијата е сестра ѝ, а притоа ниту еднаш не ја посетила додека била во болница.

Карен имаше изјавено и дека Крис потрошила над еден милион долари на пластични операции, но ријалити ѕвездата отсекогаш била отворена за нејзините зафати. Па, изјавата на сестра ѝ не беше некое изненадување.

napravila-operacija-za-da-lichi-za-nea-koja-e-sestrata-na-kris-dzhener-koja-pochina-nenadejno-07.jpg

Сепак, интересно што во 2016-та, во период на примирје, Карен направила фејслифтинг бидејќи сакала да личи на сестра ѝ Крис.

Карен дозволила и процедурата да биде дел од американско шоу – Inside Edition.

Процедурата траела пет часа, а Карен имала само локална анестезија.

napravila-operacija-za-da-lichi-za-nea-koja-e-sestrata-na-kris-dzhener-koja-pochina-nenadejno-06.jpg

Во емисијата, таа сподели и дека почнала да чувствува притисок да биде убава како Кардашијанс бидејќи сепак се дел од нејзиното семејство.

На крај, Карен изјави:

„Изгледам како мојата убава сестра Крис, и никогаш не мислев дека ова е возможно“.

napravila-operacija-za-da-lichi-za-nea-koja-e-sestrata-na-kris-dzhener-koja-pochina-nenadejno-05.jpg

Не е познато во каков однос биле сестрите во последно време бидејќи последната заедничка фотка им е од 2019-та.

napravila-operacija-za-da-lichi-za-nea-koja-e-sestrata-na-kris-dzhener-koja-pochina-nenadejno-02.jpg

Инаку, Крис и Карен пораснале заедно со мајка им, откако родителите им се развеле.

Крис само накратко ја спомна сестра ѝ и нејзината автобиографија од 2011-та:

„Се сакавме и бевме овде една за друга и во добро и во зло. До овој ден, ние сме дел од нашите животи“.

napravila-operacija-za-da-lichi-za-nea-koja-e-sestrata-na-kris-dzhener-koja-pochina-nenadejno-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg