Како Меланија Трамп ги троши милијардите на Доналд?

Нејзината колекција чевли чини колку луксузен автомобил, а еднаш потрошила 100.000 долари за само една ноќ во Каиро – Како изгледа раскошниот живот на Меланија Трамп?

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-01.jpg

Меланија Трамп е најпозната по тоа што е поранешна прва дама на САД.

Впрочем, таа е сопруга на Доналд Трамп кој важи за еден од најбогатите американски претседатели во историјата на државата.

А, кога ќе се земе предвид дека богатството на Доналд се проценува на скоро 6 милијарди долари, Меланија несомнено ужива во раскошен живот.

Како поранешната прва дама на САД го троши богатството на сопругот?

Престојува само во луксузни хотели

Доналд Трамп поседува хотели во Њујорк, Чикаго, Лас Вегас, Мајами… И, нормално, Меланија максимално го користи ова и честопати отседнува во нив.

Но, таа престојува и во други луксузни хотели кои не се во сопственост на сопругот. Во 2018-та, пак, се најде и среде скандал за ова.

Тогаш јавноста дозна дека Меланија потрошила 100.000 долари од државни пари додека била во Каиро.

Наводно, таа поминала само една ноќ во Каиро и отседнувала во претседателски апартман во скап хотел.

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-02.jpg

Ги користи приватните авиони на Доналд

Без разлика каде оди, Меланија ги користи приватните авиони на Доналд Трамп.

Според некои извори, во најскапиот авион на Трамп има спална соба, неколку тоалети, трпезарија, па дури и соба за состаноци.

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-03.jpg

Со Доналд имаат неколку куќи

Низ годините, Доналд има инвестирано во многу имоти низ целиот свет.

Покрај имотот познат како Мар-а-лаго што е постојано живеалиште на парот, Меланија неретко ужива и во пентхаус во Њујорк со поглед на Централ парк.

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-04.jpg

Носи само скапа облека

Кога беше прва дама на САД, Меланија стана и модна икона. И, тешко дека некогаш ќе ја видите во облека која не носи потпис на врвни дизајнери.

Таа има и свој стилист кој има изјавено дека секојпат кога одбира облека за Меланија, бара парчиња што ги нема носено ниту една позната личност.

Во периодот кога Трамп беше претседател, Меланија беше и критикувана за скапата облека.

Уште на почетокот на мандатот на Доналд, Меланија беше забележана во капут кој чини 50.000 долари и парчиња кои се поскапи од 5.000 долари.

Нејзината венчаница, пак, чинеше 100.000 долари.

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава