Како Меланија Трамп ги троши милијардите на Доналд?

Поседува и скапи автомобили

Меланија има колекција автомобили на која би завидел секој.

Таа има скап Mercedes автомобил кој го доби како подарок од Доналд, а чија вредност се проценува на над 800.000 долари.

Со Доналд имаат и Rolls-Royce, но и автомобил направен по нарачка кој е отпорен на куршуми, па дури и хемиски напад.

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-06.jpg

Нејзината колекција чевли вреди колку цел стан

Според некои извори, колекцијата чевли на Меланија Трамп чини над 100.000 долари.

Таа честопати е забележана со чевли од брендови како Louboutin и Manolo Blahnik кои секогаш чинат над 1.000 долари.

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-7.jpg

Син ѝ учи во престижно училиште

Доналд Трамп има неколку деца, но со Меланија има само едно – синот Барон Трамп.

Тој учи во Oxbridge Academy, престижно училиште каде што годината чини 34.000 долари за основци и 41.500 долари за средношколци.

Притоа, за учениците е задолжително да имаат Apple лаптоп.

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-08.jpg

Но, и самата има заработено милиони 

Можеби без Доналд, Меланија би живеела многу поскромно, но не треба да се занемари фактот дека и самата има заработено многу пари.

Меланија е поранешен модел и наводно заработила над 50 милиони долари со оваа професија.

Во минатото, Меланија ги красеше насловните страници на списанија како Vogue, GQ и Harper’s Bazaar.

kako-melanija-tramp-gi-troshi-milijardite-na-donal-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава