Забави во дискотеки, милиони за облека – Како Парис Хилтон го разгалува синот кој има само 1 година?
- Детали
- недела, 14 април 2024
Чивави, патувања со приватен авион, скапи брендирани аутфити, забави во дискотеки. Сето ова е нормално за животот на двете деца на Парис Хилтон, која има богатство од околу 300 милиони долари.
Парис Хилтон (43) во 2023-та година преку сурогат мајки ги доби синот Феникс и ќерката Лондон, заедно со сопругот Картер Реум, а на Инстаграм повторно се фали со луксузот со којшто ги опсипува нејзините деца уште од мали деца.
Си има, си може – би рекле многумина.
Таа честопати досега била мета на критики за нејзините мајчински вештини, но затоа нејзините деца живеат на висока нога уште од мали.
Погледнете во продолжение како изгледа животот на синот на Парис Хилтон:
Уште пред да се роди бебето Феникс, богатата наследничка потрошила 1 милион долари на собата, во која има посебна просторија како гардеробер, преполнет со дизајнерска облека.
Иако таа вешто го крие второто дете, синот Феникс постојано е застапен во нејзините објави на Инстаграм во дизајнерски аутфити, кои чинат и по неколку илјадници долари, а се дела на најпознатите дизајнерски куќи како Burberry, Dolce&Gabbana, Moschino и Gucci.
-->
-->
Додека сите очекуваа Парис да се смири и да се посвети на мајчинството, таа одлучи да остане посветена на својата кариера. Најави нов албум, а во една пригода рече дека навистина е тешко да најде време за сите обврски и за децата.
-->
За време на роденденската забава на Парис, нејзините следбеници имаа можност да го видат бебето како се држи за масата и слатко танцува, а богатата наследничка тврдеше дека синот најверојатно љубовта за дискотеки и клубови ја наследил од неа.
Сепак, свесна дека ваквите видеа ќе наидат на осуда кај голем број од нејзините следбеници, таа потоа појасни дека снимките биле направени во 7 часот навечер, и дека кратко потоа бебето било во кревет.
Продолжува на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Парис Хилтон танцува сосема гола, само со панделка на интимните делови, по повод Божиќ (видео+фото)
Дали ова е најсмелата честитка за Божиќ? 43-годишната Парис Хилтон танцува сосем...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Бившиот објави нивна секс снимка, била малтертирана во поправен дом – Тажни детали од животот на Пар...
Бившиот на Парис Хилтон објави нивна секс снимка и без разлика што таа беше жртв...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...