„Се ежам кога гледам“: Парис Хилтон критикувана откако објави видео на кое куче го лиже нејзиниот син

„Кучињата си ги лижат интимните делови, а ти му дозволуваш да го лиже бебето“... Во оваа насока одат коментарите што Парис Хилтон ги доби откако објави видео на кое се гледа како дозволува куче да го лиже лицето на нејзиниот 11-месечен син.

zoshto-im-dozvoluvash-da-se-baknuvaat-so-jazici-paris-hilton-kritikuvana-otkako-objavi-video-na-koe-kucheto-go-lizhe-nejziniot-sin-01.jpg

Убаво е да се учат децата да ги сакаат животните од најмала возраст, но видеото што Парис Хилтон го објави и на кое се гледа како дозволува куче да го лиже лицето, но и устата на нејзиниот 11-месечен син предизвика голем број критики и негативни реакции.

zoshto-im-dozvoluvash-da-se-baknuvaat-so-jazici-paris-hilton-kritikuvana-otkako-objavi-video-na-koe-kucheto-go-lizhe-nejziniot-sin-02.jpg

Парис сакаше да се пофали дека од најмали нозе го учи синот Феникс да ги сака животните, па објави видео на кое се гледа како тој си игра со малото кученце, но на некои нејзини следбеници не им се допадна тоа што таа вели дека кучето му е сестра на детето, а на други моментот кога кучето го лиже детенцето на лицето и устата.

„Не му дозволувај да го лиже. Кучињата носат бактерии и си ги чистат интимните делови со јазикот, а тој е толку мало бебе“;

„Се ежам зошто го учиш детето да го става толку блиску лицето до устата на кучето. Без разлика колку го сакаш и му веруваш на кучето, може да го касне, а и знаеш дека си ја става муцката на чудни места“ – стои во некои од коментарите.

Инаку, по повод Божиќ, Парис сподели уште неколку фотосесии на Инстаграм. Една на која традиционално поизра во долна облека и уште една на која позира со сопругот Картер Реум и синот Феникс во идентични пижами.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Парис Хилтон ги облече децата како екипаж на нејзиниот приватен авион – не го крие розовиот луксуз к... „Со моите омилени мали копилоти“- напиша богатата наследничка на фотките од деца...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...

Најчитани неделава