Не го заборавија и починатиот син – Роналдо и Џорџина го прославија вториот роденден на најмалата ќерка

„Бела и Ангел“ – напиша Кристијано Роналдо до фотографијата со која го одбележа вториот роденден на ќерката Бела Есмералда, но и годишнината од смртта на нејзиното близначе.

duvaa-svekja-ne-go-zaboravija-pochinatiot-sin-ronaldo-i-djordjina-go-proslavija-vtoriot-rodenden-na-najmalata-kjerka-01.jpg

Фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез вчера (18.04) го прославија вториот роденден на ќерката Бела Есмералда, а не го заборавија ниту нејзиното братче кое почина на породувањето.

Фудбалерот објави фотографија на која неговата најмала ќерка е со цвеќиња на главата и до неа напиша:

„Честитки љубов моја, те сакаме“.

duvaa-svekja-ne-go-zaboravija-pochinatiot-sin-ronaldo-i-djordjina-go-proslavija-vtoriot-rodenden-na-najmalata-kjerka-02.jpg

Забележително е дека тој суптилно му оддаде почит и на синот Ангел кого го загубија истиот ден при породувањето, па затоа додаде хаштаг #AngelyBellla.

На Инстаграм Стори парот објави видео на кое се гледа дека семејството прославило со торта, а Бела Есмералда дуваше свеќичка, додека беше во рацете на нејзината мајка Џорџина.

„2 години на моите бебиња“ - напиша Џорџина на видеото, со кое повторно му оддадоа почит на синот што го загубија и покажаа дека семејството не го заборава.

duvaa-svekja-ne-go-zaboravija-pochinatiot-sin-ronaldo-i-djordjina-go-proslavija-vtoriot-rodenden-na-najmalata-kjerka-03.jpg

Освен Кристијано и Џорџина, со објава на Инстаграм се огласи и мајката на фудбалерот, Долорес, која сподели заедничка фотка со внуката и до неа напиша:

„Денес е посебен ден, нашата принцеза има роденден. Среќен роденден мило мое, се надевам дека ќе имаш преубав ден со твоите родители, бакнежи од баба“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката од Есмералда (57) го отвори домот во Мексико за хрватска новинарка: „Кога дојдов во екс-ЈУ... „Се сеќавам на мојата посета во Хрватска, Словенија... Беше фантастично. Искрено...
Ќерката на Роналдо за 8-ми роденден позира со штикли и нов велосипед, а мама ѝ подари Chanel чанта Роналдо објави фотка од Алана која носи штикла од мајка ѝ и позира на новиот роз...
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит стана вирален хит – Шајло (19) е неверојатна копија на мајка ѝ в... Вирално се споделуваат фотографии од Шајло од ново видео, каде неверојатно личи ...
Ќерката на Кејт Мос згодна на плажа со мама – ги покажа мониторите за дијабетес на задникот и раката... Трагите од годините поминати во пороци се присутни на лицето на Кејт Мос, но зае...
Бела Хадид со загрижувачки фотки: Плаче во болница и прима терапија за лајмска болест Со фотки на кои плаче и прима инфузија, Бела Хадид откри дека повторно е во болн...
Џорџина Родригез мета на шеги – повторно се фали со огромниот свршенички прстен: „Ова е карпата што ... Се споделија многу шеги на сметка на огромниот свршенички прстен на Џорџина Родр...

Најчитани неделава