Актерката од Есмералда (57) го отвори домот во Мексико за хрватска новинарка: „Кога дојдов во екс-ЈУ земјите, не знаев каде се наоѓам“

„Се сеќавам на мојата посета во Хрватска, Словенија... Беше фантастично. Искрено, признавам дека не знаев ни каде сум и кои се тие земји. Има многу анегдоти, како тоа дека луѓе собирале пари за мојата операција на очи“ - вели Летиција Калдерон, актерката која ја глумеше слепата Есмералда, во интервју со хрватска новинарка која отиде кај неа во Мексико. 

esmeralda-57-go-otvori-domot-za-hrvatska-novinarka-koga-dojdov-vo-eks-ju-zemjite-ne-znaev-kade-se-naogjam-01.jpg

Есмералда е една од најпопуларните мексикански теленовели која е снимена во 1997-ма, а кај нас се емитуваше во 1999-та година.

Серијата го следи животот на Есмералда, девојка која е родена слепа и е многу добра, но во себе крие тајни за минатото.

esmeralda-57-go-otvori-domot-za-hrvatska-novinarka-koga-dojdov-vo-eks-ju-zemjite-ne-znaev-kade-se-naogjam-03.jpg

Не само во Македонија, туку и во земјите од цела поранешна Југославија, Есмералда беше многу популарна, па глумицата која ја толкува улогата, Летиција Калдерон, во тој период дури и ги посети Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Огромен број на луѓе ги преполнија плоштадите и чекаа печатена фотографија од неа со потпис и да ја погледнат во живо.

esmeralda-57-go-otvori-domot-za-hrvatska-novinarka-koga-dojdov-vo-eks-ju-zemjite-ne-znaev-kade-se-naogjam-02.jpeg

25 години подоцна, Летиција, ги отвори вратите на својот дом во Мексико за хрватска новинарка, која заедно со својата екипа ја посети и направи кратко интервју.

Мартина Валиџиќ во првата епизода од својата документарна серија „Serijski brijači“, ја посети Летиција, која ѝ раскажа интересни детали.

Од нивната средба може да се забележи дека таа уште изгледа прекрасно и средено и покрај бурното минато, а нејзиниот дом е уреден со стил.

Прочитајте и Се избори со зависност, синот со Даунов синдром ѝ наполни 19 години – Што прави денес Есмералда?

„Се сеќавам на мојата посета. Беше фантастично. Првпат отпатував во Источна Европа. Искрено, не знаев ни каде сум. Бев со години многу посветена на работата.

Кога дојдов и ме пречекаа како што ме пречекаа, не можев да верувам. Тука во Мексико, јасно, ме препознаваа на улица, но не со таа еуфорија што ја предизвика Есмералда“.

„Слушнав дека на некои места собирале пари за моја операција и еден дечко собирал облека за мојот син. Ми беше неверојатно тоа.

Имам многу анегдоти но една многу ми го допре срцето.

Во Полска, една девојка сакала да изврши самоубиство бидејќи затруднела, а татко ѝ ја оставил.

Отишла кон мост за да се фрли и видела сцена од мене како Есмералда како го хранам бебето од шише.

И си рекла НЕ, ако таа може сама, сиромашна и слепа, ќе можам и јас. И не си го одземала животот.

esmeralda-57-go-otvori-domot-za-hrvatska-novinarka-koga-dojdov-vo-eks-ju-zemjite-ne-znaev-kade-se-naogjam-04.jpg

Постоеше и едно момче, кое боледуваше од леукемија. Рекол дека последна желба му е да ме запознае. Го посетив, го бакнав, му дадов подарок и тој на мене, а по 1 недела почина.

Посетивме и многу слепи деца тогаш, ми велеа - Благодарам затоа што сега децата ме сакаат, порано децата ме отфрлаа“ - раскажува таа за ситуации кои се случувале заради серијата. 

/

„Драго ми е што луѓето од цел свет ја препознаваа серијата. Признавам дека јас тогаш не знаев каде се Хрватска, Словенија, и сите и тие земји.

Но, многумина не го познаваат и Мексико и мислат дека ние јаваме коњи, живееме на ранч, јадеме грав и тортиљи...

Не помислуваат дека Мексико Сити многу еволуираше. Не јаваме коњи, убаво се облекуваме, имаме големи згради.

Во Мексико нашата историја се спојува со модерното време“.

Она што е интересно е дека таа уште чува голем дел од костимите во серијата под нејзиниот кревет, кои ги отвори и ѝ ги покажа на новинарката.

„Да, ова е од времето на Есмералда, кога бев богата. Ова палто мислам дека го носев кога бев во Словенија“ – вели актерката.

esmeralda-57-go-otvori-domot-za-hrvatska-novinarka-koga-dojdov-vo-eks-ju-zemjite-ne-znaev-kade-se-naogjam-06_copy.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
„Мојата жена е мојот херој“ – Најсекси мажот на светот, Џон Красински, слави 15 години брак со сопру... По 2 години врска се венчале во куќата на Џорџ Клуни на Комо, им предвидувале ра...
Не фаќа кваки од врати и чека некој да ѝ отвори, јаде ист оброк 30 години – Чудните навики на Виктор... Од 1997-ма секој ден го јаде истиот оброк од што Дејвид е разочаран, се верува д...
Клои Кардашијан немала односи над 3 години: „Мајка ми ме тера да правам голи фотки, за секој случај“ Клои вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа...
Сопругата и љубовницата речиси се степале, ја посвоил ќерката за да ја заштити: Факти за Лајонел Рич... Во новите мемоари, Лајонел Ричи зборува за најсрамниот момент од неговиот живот ...
Позира во танга бикини, вереникот ја мачка на плажа – Дуа Липа го покажа фит телото во Мексико (фото... Дуа Липа го покажа виткото тело во минималистички леопардски бикини, а изгледа в...

Најчитани неделава