Се декларира како небинарен род, сестра му му го бира стајлингот – Кој е Немо, победникот на Евровизија 2024?
- Детали
- понеделник, 13 мај 2024
Кое е момчето со краткото здолниште и долгите нокти кое победи на Евровизија 2024? Станал славен преку ноќ, а првиот џепарлак го заработил како уличен музичар. Што знаеме за Немо?

Во саботата (11.05) се одржа финалето на Евровизија 2024, а за многумина очекувана беше победата на Швајцарецот Немо (24), кој по 36 години повторно ѝ ја донесе победата на својата земја.

Момчето кое настапи со кратко здолниште (со шорцови под него), долги нокти и розова бунда можеби не им се допадна на многумина, но факт е дека неговата песна успеа да освои убедливо најмногу гласови од националните жирија, но и од публиката, и со тоа да стане победник.
Што знаеме за Немо? Кое е момчето што годинава успеа да го земе (и да го скрши) евровизискиот трофеј?
Немо Метлер е роден во 1999-та година во билингвалното гратче Биел/ Биен во Швајцарија, а живее во Берлин од 2021-ва година. Неговото име на латински значи „никој“.

Тој се декларира како небинарен род и во обраќањето кон него преферира да се користи заменката тие.

Немо потекнува од креативно семејство, а неговите родители имале сопствена агенција. Тој и неговата сестра израснале во трикатница каде имале слобода за изразување.

Немо на 3 години научил да свири виолина, а првиот џепарлак го заработил како уличен музичар додека свирел пред вратата на неговиот дом. По ова научил да свири пијано и тапани, а на 9 години почнал да пее опера.

Како тинејџер почнал да се појавува на кастинзи за филмови, а на 13-години почнал да ги компонира првите рап песни.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт...
Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св...
„Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск?
Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли...
Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските...
Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...