„Со месеци повраќав крв“: Кејт Бекинсејл гневна откако ја обвинија дека е преслаба и зема Оземпик

„Не е важно што мислат луѓето како изгледам или како би требало да изгледам, важно ми е моето семејство да е добро. Јас само сакам да го преживеам овој тежок период. Доста е со коментарите дека треба да јадам и дека сум преслаба“, вели Кејт Бекинсејл, која беше 6 недели во болница поради „мистериозна болест“.

so-meseci-povrakjav-krv-akterkata-kejt-bekinsejl-gnevna-po-kritikite-deka-e-preslaba-bidejkji-zema-ozempik-01.jpg

Холивудската глумица Кејт Бекинсејл (50) се подготвува за снимањето на нејзиниот нов филм Stolen Girl, па на Инстаграм Стори сподели неколку фотографии на кои пробува фустани за улогата.

Но, овие фотки уште еднаш ја поттикнаа јавноста да го коментира нејзиниот изглед, велејќи дека е пропадната и преслаба.

so-meseci-povrakjav-krv-akterkata-kejt-bekinsejl-gnevna-po-kritikite-deka-e-preslaba-bidejkji-zema-ozempik-07.jpg

Овие коментари доаѓаат откако актерката на почетокот на годината заврши во болница, каде што остана 6 недели, но не ја откри причината за тоа.

Поради ова се шпекулираше дека, како многу други ѕвезди, и таа почнала да користи Оземпик, лек за дијабетес, кој многумина во Холивуд го злоупотребуваат за драстично да ја намалат тежината.

so-meseci-povrakjav-krv-akterkata-kejt-bekinsejl-gnevna-po-kritikite-deka-e-preslaba-bidejkji-zema-ozempik-02.jpg

Бекинсејл сега ги демантира овие коментари и откри зошто била во болница.

„Моето здравје се влоши поради стрес, шок и тага по смртта на очувот кого го негував последните месеци од неговиот живот.

Мајка ми поминува низ тежок период. А јас морав да гледам како ми умираат двајцата татковци - биолошкиот кога имав 5 години и сега, кога почина Рој“, вели таа.

so-meseci-povrakjav-krv-akterkata-kejt-bekinsejl-gnevna-po-kritikite-deka-e-preslaba-bidejkji-zema-ozempik-06.jpg

Таткото на Кејт починал од срцев удар, а актерката, која тогаш била дете, го нашла неговото безживотно тело.

Очувот на Бекинсејл, пак, британскиот режисер Рој Батерсби, почина на 87 години во јануари 2024. Тој беше во брак со нејзината мајка од 1997 година.

„Не е важно што мислат луѓето како изгледам или како би требала да изгледам, важно ми е моето семејство да е добро. Јас само сакам да го преживеам овој тежок период.

Доста е со коментарите дека треба да јадам и дека сум преслаба“, признава актерката.

so-meseci-povrakjav-krv-akterkata-kejt-bekinsejl-gnevna-po-kritikite-deka-e-preslaba-bidejkji-zema-ozempik-03.jpg

Таа откри и дека кон крајот на 2023 починал и нејзиниот миленик, мачката што ја чувала 19 години, а дополнително го зголемило стресот.

„Со месеци повраќав крв, и сето тоа било предизвикано од стресот низ кој поминував изминатата година. Затоа поминав 6 недели во болница“, додава таа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава