Познати личности кои тврдат дека имале средба со вонземјани

„Само погледнав нагоре и имаше неколку вселенски бродови. Се колнам, имаше пет, седум…“, има изјавено Кеша која сними цел албум инспириран од нејзините наводни средби со вонземјани.

poznati-lichnosti-koi-tvrdat-deka-imale-sredba-so-vonzemjani-01.jpg

Некои луѓе не веруваат дека постојат вонземјани, но други се сигурни дека е нелогично да сме потполно сами во универзум чија големина не можеме ни да си ја претставиме.

А, оние кои веруваат во постоењето на вонземјани, се делат на две групи – луѓе кои мислат дека Земјата била посетена од нив и луѓе кои не веруваат во приказните на „очевидците“.

Во првата категорија спаѓаат и славни личности, а дел од нив тврдат дека и самите имале средба со вонземјани.

На вас останува дали ќе им верувате на приказните, но несомнено се забавни за читање.

Славни личности кои тврдат дека имале контакт со вонземјани:

Пост Малон

Познатиот пејач вели дека имал неколку средби со вонземјани, како и дека „целиот живот бил опкружен со нив“.

Наводно, кога бил дете, музичарот и негов братучед виделе чудна светлина на небото која, според него, сигурно била од вонземјани.

Потоа, како возрасна личност, музичарот вели дека една вечер од неговиот балкон видел неколку вселенски бродови на вонземјани.

Тој зборуваше за неговото искуство во поткастот на Џо Роган:

„Знам дека звучи клише, но имаше нешто како некој енергетски штит. Како купола над градот.

Тогаш се прашував како никој друг не го забележува. Но, со мене имаше четворица пријатели и тие исто така го видоа“.

poznati-lichnosti-koi-tvrdat-deka-imale-sredba-so-vonzemjani-02.jpg

Деми Ловато

Деми Ловато е голем поддржувач на теоријата за постоење на вонземјани до тој степен, што сними и документарец на оваа тема.

Документарецот на пејачката се фокусира на потрага по вонземјани на Земјата, а самата вели дека имала неколку средби со нив.

Во интервју изјави дека некогаш ја гледале додека спие.

„Една ноќ се разбудив во мојата спална и покрај мене имаше три суштества. Ме прашаа ’Дали сакаш да ја видиш твојата планета?‘ И јас им реков ’Секако‘. Па, одеднаш лебдев над Земјата.

Потоа ме прашаа дали сакам да ја видам нивната планета и им реков дека сакам. Ме однесоа кај една розова и виолетова планета“.

poznati-lichnosti-koi-tvrdat-deka-imale-sredba-so-vonzemjani-03.jpg

Ник Џонас

Ник Џонас вели дека во детството воопшто не верувал во вонземјани, барем додека не ги видел со свои очи.

Наводно, кога имал 14 години, видел НЛО.

„Верувам дека постојат вонземјани. Кога имав околу 14 години, во дворот играв кошарка со неколку пријатели. И, погледнав кон небото и видов три летачки чинии.

Пријателите ми рекоа ’Сигурно е сет за некое снимање‘, но јас бев сигурен дека се вистински.

Потоа пребарав онлајн и имаше три идентични случаи во други држави низ САД. Па, цврсто верувам дека постојат“.

poznati-lichnosti-koi-tvrdat-deka-imale-sredba-so-vonzemjani-04.jpg

Мајли Сајрус

Мајли Сајрус многупати има зборувано за нејзините наводни средби со вонземјани.

Можеби најпозната е приказната кога забележала НЛО додека се возела во автомобил со пријателка низ Калифорнија.

„Имаше некакво жолто светло напред. Гледав како лета, а истото го виде и другарка ми.

На автопатот имаше и други автомобили кои исто така застанаа, па верувам дека она што го видовме е вистинско“.

Пејачката додава дека била потресена неколку денови бидејќи целото искуство ѝ било надреално.

poznati-lichnosti-koi-tvrdat-deka-imale-sredba-so-vonzemjani-05.jpg

Кеша

Кеша има издадено и цел албум инспириран од нејзините средби со вонземјани.

Пејачката вели дека најзначајната средба со вонземјани ја имала во национален парк во Калифорнија.

Таа кампувала, кога здогледала неколку летачки чинии на небото.

„Само погледнав нагоре и имаше неколку вселенски бродови. Се колнам, имаше пет, седум…

И, не знам зошто не пробав да ги фотографирам. Само седев на земјата и се прашував што гледам.

Потоа само за минаа, но се вратија и тогаш сфатив дека се вонземјани“.

poznati-lichnosti-koi-tvrdat-deka-imale-sredba-so-vonzemjani-06.jpg

Голди Хоун

Актерката вели дека видела вонземјани додека спиела во автомобил на пријателка.

Додека дремела во автомобилот, се разбудила од гласен звук и кога погледнала низ прозорецот, вели, видела вонземјани.

„Здогледав две глави со триаголна форма. Имаа сребрена боја, мал нос, немаа уши. Покажуваа кон мене и кон автомобилот, како да зборуваа за мене.

Во тој миг не знаев што е реално, а што не. Кога се вратив дома си помислив ’Боже, па јас имав контакт со вонземјани‘“.

Оттогаш актерката почнала да истражува за постоењето на вонземјаните, а вели дека за време на средбата имала убаво чувство.

poznati-lichnosti-koi-tvrdat-deka-imale-sredba-so-vonzemjani-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава