Тејлор Свифт ги откажа концертите во Виена: „Страв ми е дека ќе бидам жртва на терористички напад“

„По бомбашките напади во Лондон и Вегас, бев уплашена да заминам на турнеја“ – изјави во една пригода Тејлор Свифт, која сега откажа 3 концерти во Виена, откако беше утврдено дека исламистички радикали планирале терористички напади на стадионот, а беше уапсено и 19-годишно момче со потекло од Македонија.

najgolemiot-strav-mi-e-deka-kje-bidam-zhrtva-na-teroristichki-napad-zoshto-tejlor-svift-otkazha-3-koncerti-vo-avstrija-01.jpg

Поради безбедносни закани Тејлор Свифт беше приморана да откаже 3 концерти кои беа закажани во Виена, Австрија, кои се дел од нејзината светска турнеја Eras.

najgolemiot-strav-mi-e-deka-kje-bidam-zhrtva-na-teroristichki-napad-zoshto-tejlor-svift-otkazha-3-koncerti-vo-avstrija-02.jpg

На големо разочарување на фановите, концертите на Тејлор Свифт кои беа закажани за денес, четврток (08.08), петок и сабота на стадионот Ernst Happel, се откажани, откако во средата биле упасени две лица кои планирале Исламистички напади на големи настани во главниот град во Австрија.

„Заради потврдата добиена од властите дека се планирани теористички напади на стадионот Ernst Happel, немавме друг избор освен да ги откажеме концертите заради безбедноста на сите.

Парите за билетите ќе бидат автоматски рефундирани во тек на наредните 10 работни дена“ – соопштија организаторите на концертот.

Според соопштенијата од австриските власти, 19-годишен австриски државјанин бил уапсен во градот Терниц, а било уапсено уште едно лице во Виена.

Весникот Kronen Zeitung, пишува дека станува збор за младо момче кое потекнува од Македонија.

Двете лица добиле радикалистички идеи преку интернет, а 19-годишното момче дало завет за лојалност на Исламска држава на почетокот на минатиот месец.

najgolemiot-strav-mi-e-deka-kje-bidam-zhrtva-na-teroristichki-napad-zoshto-tejlor-svift-otkazha-3-koncerti-vo-avstrija-03_copy.jpg

Инаку, концерите на Тејлор Свифт требаше да привлечат голем број посетители и туристи, кои ќе имаа можност одблиску да го погледнат настапот на најголемата поп-ѕвезда на денешницата.

Според очекувањата, предвидено било дневно на секој концерт да има околу 65.000 посетители на стадионот и уште 22.000 обожаватели надвор од стадионот.

najgolemiot-strav-mi-e-deka-kje-bidam-zhrtva-na-teroristichki-napad-zoshto-tejlor-svift-otkazha-3-koncerti-vo-avstrija-05.jpg

Веста за откажувањето на концертите, многумина ги наврати на изјавата на поп-ѕвездата, која таа ја даде во 2019-та година.

По бомбашките напади што се случија на концертот на Аријана Гранде во Манчестер во 2017-та година и масакрот на Harvest Music Festival во Лас Вегас, Тејлор изјави дека стравува од напади.

„Мојот најголем страв. По бомбашките напади во арената во Манчестер и масакрот во Вегас, бев целосно уплашена да заминам на турнеја затоа што не знаев како ќе успееме да се погрижиме за безбедноста на 3 милиони луѓе во период од 7 месеци.

najgolemiot-strav-mi-e-deka-kje-bidam-zhrtva-na-teroristichki-napad-zoshto-tejlor-svift-otkazha-3-koncerti-vo-avstrija-06.jpg

Поминавме многу време за планирање, пари и труд за да ја обезбедиме безбедноста на фановите. Мојот страв од насилство се отсликува и во мојот личен живот“ – изјави Тејлор пред почетокот на нејзината турнеја „Reputation“ во 2019-та година.

По ова станува јасно зошто пејачката сериозно ги сфатила заканите и веднаш одлучила дека е подобро нејзините концерти воопшто да не се одржат, отколку да има голем број невини жртви.

najgolemiot-strav-mi-e-deka-kje-bidam-zhrtva-na-teroristichki-napad-zoshto-tejlor-svift-otkazha-3-koncerti-vo-avstrija-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Користи приватен авион за само 6km, ја тужат за плагијати: Најголемите контроверзии на Тејлор Свифт Тејлор Свифт е критикувана бидејќи често користи приватен авион со што предизвик...
Тејлор Свифт ќе се мажи за Тревис Келси - пејачката го покажа огромниот свршенички прстен „Вашата професорка по англиски и професорот по физичко ќе се венчаат“ - напиша Т...
Беше тинејџерска ѕвезда, сега е бездомник: Како актерот Тејлор Чејс заврши на улица (и зошто блискит... Со искината облека, валкана коса и многу слаб изглед, актерот Тејлор Чејс кој бе...
„Има шизофренија и биполарно нарушување“: Се огласи таткото на тинејџерската ѕвезда Тејлор Чејс што ... „Пред околу четири години добиваше терапија. Иако имаше прогрес, подоцна одлучи ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава