Гласини за лезбиска врска, јавни препирања – Која е вистинската причина за распадот на Spice Girls?

Една од членките била примена со врски во групата, а наводно сите расправии и превирања почнале заради нејзината неталентираност, а завршиле затоа што таа имала лезбиска врска со друга членка. Откриени вистинските причини за распадот на Spice Girls и неуспешните обиди за помирување.

glasini-za-lezbiska-vrska-javni-previranja-koja-e-vistinskata-prichina-za-raspadot-na-spice-girls-01.jpg

Годинава членките на групата Spice Girls слават 18 години од издавањето на првиот хит сингл Wannabe.

Додека со години наназад се зборува за можно враќање на сцената на групата, според странските таблоиди сè поизвесно е дека тоа нема да се случи.

Иако девојките никогаш официјално не се откажаа од групата, затоа што придонесите што ги добиваат од неа се добредојдени, јасно е дека големите недоразбирања кои датираат од самите почетоци на Spice Girls се главна пречка за тие повторно да застанат на сцена.

„Со оглед на тоа што Викторија не сака да настапува и тоа што Џери во последно време најави дека ќе престане со разговори за обновување на бендот, станува сè појасно дека девојките нема повторно да ги видиме обединети на сцена“ – пишува Daily Mail.

glasini-za-lezbiska-vrska-javni-previranja-koja-e-vistinskata-prichina-za-raspadot-na-spice-girls-02.jpg

Иако се најавуваше дека групата повторно би можела да замине на турнеја, ривалството меѓу две членки во бендот се чини дека ги уништи надежите за тоа и им го разруши сонот на многумина кои веруваа дека ќе имаат можност да ги гледаат настапите и да се вратат во детството и младоста.

Наводно, уште на самиот почеток на формирањето на бендот Ема, Викторија, Мел Би и Мел Си биле гневни што продуцентите им ја додале Џери во бендот.

glasini-za-lezbiska-vrska-javni-previranja-koja-e-vistinskata-prichina-za-raspadot-na-spice-girls-04.jpg

Таа не учествувала на аудициите за формирање на женски поп бенд, како што го направиле другите 4 членки, ниту пак посетувала часови кај професионалци за пеење и танц како нив.

За да го добие местото во бендот, Џери секојдневно се јавувала во канцелариите на Heart Managment, сè додека не успеала да добие состанок со Крис Хемберт, синот на газдата кој допрва учел што значи да се биде менаџер на таленти.

glasini-za-lezbiska-vrska-javni-previranja-koja-e-vistinskata-prichina-za-raspadot-na-spice-girls-05.jpg

Џери претходно работела како танчарка во ноќен клуб во Мајорка и како модел, па нејзината самодоверба ги освоила сите, но имало само еден проблем – не знаела воопшто да пее.

„Ја вклучивме Џери затоа што имаше мошне цврст карактер и нејзиниот изглед целосно го надополнуваше она што сакавме да го постигнеме.

За жал таа немаше никаков слух за музика и не можеше да го погоди темпото, па заради тоа не можеше да пее или да танцува како што треба.

Со недели нејзиниот недостаток на талент беше голем проблем, но со упорност успеавме да одвоиме сегменти и за неа во кои ќе може да дојде до израз“ – вели менаџерот Боб Херберт.

glasini-za-lezbiska-vrska-javni-previranja-koja-e-vistinskata-prichina-za-raspadot-na-spice-girls-10.jpg

И покрај недостатокот на талент за пеење и танцување, Џери успеа да стане икона на 90-тите години заради смелото однесување.

Таа отворено му кажа на тогашниот принц Чарлс: „Многу си секси“ и го бакна во образ со црвен кармин, па му остави отпечаток на фотографиите кои станаа хит во таблоидите, а сите го помнат и нејзиниот фустан со британското знаме од 1997-ма година.

glasini-za-lezbiska-vrska-javni-previranja-koja-e-vistinskata-prichina-za-raspadot-na-spice-girls-03.jpg

Но, иако на другите девојки од групата не им пречело нејзиното присуство, се чини дека на Мел Би не ѝ се допаднало тоа што Џери дошла во бендот „преку врски“, па тие две постојано влегувале во конфликти и превирања.

Две години по објавувањето на големиот хит Wannabe, Џери најави дека се откажува од бендот во 1998-ма година и тоа на роденденот на Мел Би.

„Кога Џери си замина од групата, беше многу лошо. Таа си замина на мојот роденден и не кажа никому.

Не се појави воопшто. Требаше да продолжиме со американскиот дел од турнејата“ – рече во една пригода Мел Би.

glasini-za-lezbiska-vrska-javni-previranja-koja-e-vistinskata-prichina-za-raspadot-na-spice-girls-07.jpg

Според поранешниот сопруг на Мел Би, Џими Гулзар, проблемот не бил само во тоа што Џери си заминала.

Мел Би, најверојатно била многу повредена затоа што тие две биле во мошне блиски односи, па тој дури рече дека нивната врска била многу подлабока отколку што можело да се забележи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg