Моменти што го одбележаа доделувањето на Еми наградите + забавни твитови за настанот

Селена Гомез се покажа како одлична презентерка, а ѕвездите од реалното шоу RuPaul’s Drag Race ја напуштија салата откако изгубија во нивната категорија. Како помина 76-тото доделување на Еми наградите?

momenti-shto-go-odbelezhaa-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-zabavni-tvitovi-za-nastanot-01.jpg

Синоќа (15.09) во Лос Анџелес се одржа 76-тото издание на Еми наградите.

Престижните награди го истакнуваат најдоброто од телевизиската индустрија, вклучувајќи серии и емисии.

Серијата Shogun освои најмногу награди, вклучувајќи за најдобра драма и најдобра машка и женска улога.

Се истакнаа и сериите The Bear и Baby Reindeer кои освоија по четири награди.

Сепак, имаше и многу критики бидејќи според оние кои ја изгледале The Bear, серијата е драма, но освои награда во категорија за комедии.

Па, повеќето од шегите беа на сметка на ова.

Меѓу презентерите на наградите беа Селена Гомез, Стив Мартин и Марин Шин, а настанот помина генерално мирно.

Во продолжение, моментите што го одбележаа доделувањето, како и најсмешните твитови за настанот:

Рис Витерспун, Лора Дерн и Бри Ларсон имаа свој заеднички момент и изгледаа како група најдобри пријателки

Стив Мартин, Селена Гомез и Мартин Шорт се покажаа како одлични презентери, па некои сметаат дека треба да ги водат и Оскарите

Некој сакаше да направи селфи со Софија Вергара, но таа му го зеде телефонот и се фотографира сама

Актерот Ламорн Морис ја доби првата Еми награда во кариерата, а кога продуцентите му рекоа да го скрати говорот, тој само им рече да замолчат

Ѕвездите од RuPaul’s Drag Race го напуштија настанот откако не освоија награда за најдобро реално шоу

Најдобрите твитови и мемиња за настанот на следната страница…



Би можело да ве интересира:

Вирални (и непријатни) моменти што ги обележаа MTV VMA 2025 + најсмешните твитови за настанот Доџа Кет си стави кармин на црвениот тепих, па го изеде, Аријана Гранде мака мач...
Селена Гомез не пропушта одмор со другарките – се сонча во монокини на плажа во Мексико (фото) Не се срами од своето несовршено тело и облечена во розово монокини ужива во заб...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Селена Гомез со стомаче и облини, посреќна од кога било на нејзината моминска забава – свршеникот сл... Селена Гомез го помина викендот со пријателки на јахта во Мексико, а според изво...

Најчитани неделава