Вонбрачно дете, афера со порно актерка – Како се распадна бракот на Дејв Грол, најсаканата рок-ѕвезда?

Дејв Грол отсекогаш важел за „рок-ѕвезда која не се однесува како рок-ѕвезда“, па беше идол на многумина. Но, по признанието за вонбрачно дете, „се скрши“ илузијата што јавноста ја имаше за него. Кои други непријатни детали за Дејв излегоа на виделина?

vonbrachno-dete-afera-so-porno-akterka-kako-se-raspadna-brakot-na-dejv-grol-najsakanata-rok-dzvezda-01.jpg

Поранешниот тапанар на Nirvana, како и фронтменот на Foo Fighters, Дејв Грол, отсекогаш важел за добра личност која се држи настрана од скандалите кои се вообичаени за рок-ѕвездите.

Како личност го ценат и оние на кои не им се допаѓа неговата музика, па отсекогаш важел како пример за другите.

Сепак, скандалот што излезе на виделина му ја уништи репутацијата преку ноќ.

Веќе 20 години, Дејв е во брак со Џордин Блум, а заедно имаат и три ќерки.

Но, неодамна самиот призна дека не само што имал афера, туку добил и вонбрачно дете со неговата љубовница.

vonbrachno-dete-afera-so-porno-akterka-kako-se-raspadna-brakot-na-dejv-grol-najsakanata-rok-dzvezda-02.JPGДејв и сопругата

Па, како Дејв Грол го уништи неговиот навидум совршен брак?

Со сопругата се запознале во 2001 година

Дејв и Џордин се запознале во бар во 2001 година, но тој тогаш покажал незаинтересираност.

„Кога ја запознав сопругата, излеговме на неколку состаноци, но мислев дека не сум подготвен за сериозна врска, па престанав да ѝ се јавувам.

По три месеци, сфатив дека сакам да сум со неа, па ѝ се јавив. Таа ми рече ’Мислев дека никогаш повеќе нема да те видам‘“, откри пејачот во интервју.

vonbrachno-dete-afera-so-porno-akterka-kako-se-raspadna-brakot-na-dejv-grol-najsakanata-rok-dzvezda-6.JPG

Соработуваа на неколку проекти

Џордин, која е актерка и модел, се има појавено во спот на Foo Fighters.

Исто така, има режирано и еден спот на бендот, а пејачот, пак, има изјавено дека дел од неговите најдобри песни се инспирирани токму од неа.

vonbrachno-dete-afera-so-porno-akterka-kako-se-raspadna-brakot-na-dejv-grol-najsakanata-rok-dzvezda-10.JPG

Откако се венчаа, добија три деца

Дејв и Џордин се венчаа во 2003 година, а првата ќерка ја добија во 2006-та.

Во 2009-та ја добија втората ќерка, а третата се роди во 2014 година.

И, за време на секоја бременост на сопругата, пејачот не ја пропушташе можноста да се пофали дека ќе добие дете.

vonbrachno-dete-afera-so-porno-akterka-kako-se-raspadna-brakot-na-dejv-grol-najsakanata-rok-dzvezda-18.JPG

Дејв имал навика да флертува со други жени

Навидум совршениот брак бил далеку од хармоничен – нешто што се откри дури деновиве.

Иако на секое заедничко појавување изгледаa вљубени и среќни, сега извори блиски до парот откриваат дека Дејв постојано флертувал со други жени.

„Флертувањето на Дејв беше сериозен проблем во нивниот брак. Многу ја повредуваше Џордин.

Постојано читаме како сите се разочарани бидејќи Дејв е ’добра личност‘, рок-ѕвезда која не се однесува како рок-ѕвезда.

И, јавноста е луда по него, но тој сепак се однесува како и секоја рок-ѕвезда“, вели извор за магазинот People.

vonbrachno-dete-afera-so-porno-akterka-kako-se-raspadna-brakot-na-dejv-grol-najsakanata-rok-dzvezda-9.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава