Ким Кардашијан се залага за ослободување на браќа кои ладнокрвно ги убиле родителите – наиде на критики

„Гледај си ја својата работа, ти не си адвокат!“ – ѝ порачуваат твитерџиите на Ким Кардашијан откако таа јавно се заложи за ослободување на браќата Менендез кои се во затвор заради ладнокрвното убиство на родителите. Нивниот случај е топ тема, откако Нетфликс објави серија за нив.

kim-kardashijan-se-zalaga-za-osloboduvanje-na-brakja-koi-ladnokrvno-gi-ubile-roditelite-naide-na-kritiki-01.jpg

Во моментов, случајот на браќата Лајл и Ерик Менендез е топ тема, откако Нетфликс објави нова документарна серија за нив, насловена Monsters: The Lyle and Erik Menendez Story.

Браќата се осудени за ладнокрвното убиство над нивните родители, кое, според пресудата, го извршиле за да ја преземат контролата врз семејното наследство тешко милиони.

kim-kardashijan-se-zalaga-za-osloboduvanje-na-brakja-koi-ladnokrvno-gi-ubile-roditelite-naide-na-kritiki-02.jpg

Но, тие тврдеа дека од најмала возраст биле жртви на сексуално злоставување и малтретирање од страна на нивниот татко, и убиството го извршиле во самоодбрана.

Откако се крена голема прашина за нивниот случај, по објавувањето на документарната серија, јавниот обвинител најави повторно отворање на случајот на двајцата браќа.

kim-kardashijan-se-zalaga-za-osloboduvanje-na-brakja-koi-ladnokrvno-gi-ubile-roditelite-naide-na-kritiki-08.jpg

Ким Кардашијан, која е позната по тоа што води посебна организација за да им помогне на затворениците што се осудени на доживотен затвор или смртна казна, застана во нивна одбрана.

Таа ги посети во затвор, а потоа напиша голем есеј и го испрати до NBC News, во кој нагласи дека браќата не се „чудовишта“ како што се опишани и побара нивните затворски казни да бидат променети.

Прочитајте и Спаси затвореник од смртна казна – Како Ким Кардашијан стана нова надеж за затворениците во САД?

kim-kardashijan-se-zalaga-za-osloboduvanje-na-brakja-koi-ladnokrvno-gi-ubile-roditelite-naide-na-kritiki-04.jpg

Кардашијан, која во 2021-година заврши само дел од правните студии, рече дека „браќата биле осудени уште пред да започне судењето“, заради негативните написи во медиумите за нивниот случај.

„Случајот на Ерик и Лајл беше забава за нацијата, а нивното страдање и приказните беа исмевани во Saturday Night Live“ – нагласи таа и рече дека им верува на браќата дека убиствата ги извршиле во самоодбрана, откако со години биле малтретирани и стравувале за сопствените животи.

kim-kardashijan-se-zalaga-za-osloboduvanje-na-brakja-koi-ladnokrvno-gi-ubile-roditelite-naide-na-kritiki-03.jpg

„Медиумите ги претставија браќата како чудовишта – како две арогантни, богати деца од Беверли Хилс, коишто ги убиле своите родители од алчност. Немало простор ниту за емпатија, ниту за симпатија“ – вели Ким.

kim-kardashijan-se-zalaga-za-osloboduvanje-na-brakja-koi-ladnokrvno-gi-ubile-roditelite-naide-na-kritiki-07.jpg

Но, твитерџиите и пошироката јавност не се согласуваат со нејзините тврдења, и сметаат дека ријалити ѕвездата не треба да се меша таму каде што не ѝ е работата.

„Уште не си адвокат, нели?“

„Ќе ѝ каже ли некој дека не е адвокат, нека оди нека си го среди животот прво“;

„Слушајте ја, таа многу добро знае да процени карактери. Само погледнете ги нејзините поранешни сопрузи, пријателите и семејството. Кажи ни нешто повеќе за забавите на Пи Диди, сигурно знаеш“;

„Начинот на кој што беа убиени родителите не покажува дека немале друг излез, како што тие се обидуваат да докажат“ – ја критикуваат твитерџиите.

За потсетување, Ерик и Лајл Менендез беа обвинети на доживотна казна затвор, откако беше докажано дека со сачмарка ги убиле родителите на спиење.

Нивните тела биле толку унаказени, што полицијата прво мислела дека убиствата се дело на мафија.

Повеќе за случајот на браќата Менендез, прочитајте на следниот ЛИНК.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги нав...

Најчитани неделава