Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 жени?

Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два дена по сослушувањето на татко му. Пред неколку месеци, пак, истиот син беше обвинет за сексуален напад на девојка, која заедно со татко му ја дрогирал на јахта. Што знаеме за децата на раперот и што имаат изјавено за неговото апсење?

pi-didi-ima-7-deca-od-4-razlichni-zheni-edniot-sin-e-obvinet-za-obid-za-siluvanje-isto-kako-nego-01.jpg

Среде скандалот во кој се наоѓа Пи Диди и бројните обвиненија против него, неговите деца избегнуваат да даваат изјави во јавност.

Единствено четирите деца што раперот ги доби со Ким Портер се огласија, но се фокусираа на смртта на мајка им која почина во 2018 година.

Кратко по апсењето на Диди се појавија гласини дека неговата бивша Ким Портер имала напишано книга во која наводно изнесувала детали од нејзината бурна врска со него.

Истовремено, некои тврдеа дека Ким е можеби убиена од Диди, иако официјалната причина за смртта е пневмонија.

Децата на Ким и Диди ги негираа гласините:

„Тврдењата дека мајка ни напишала книга едноставно не се вистинити. Таа нема напишано книга…

Нашите животи беа уништени кога ја изгубивме мајка ни. Таа беше нашиот свет. И, ништо не е исто откако почина…

Причината за нејзината смрт одамна е утврдена.

Сеќавањето за неа не треба да биде оцрнето од ужасни теории на заговор“, пишува меѓу другото, во заедничката објава.

pi-didi-ima-7-deca-od-4-razlichni-zheni-edniot-sin-e-obvinet-za-obid-za-siluvanje-isto-kako-nego-02.JPG

Во меѓувреме, извори блиски до Диди велат дека тој бил многу загрижен за неговите деца.

„Тој има три малолетни деца, а откако е во затвор, две од нив сега немаат ниту еден родител“.

Друг извор, пак, вели дека децата биле во состојба на шок.

„Тажно е да се види во каква состојба се неговите деца. Сепак, тој е нивниот татко. Отсекогаш бил посветен и грижлив татко“.

Но, само два дена по сослушувањето, едниот од синовите на Диди, Кристијан Комбс, беше забележан како се забавува во ноќен клуб со неговата девојка.

Во продолжение, повеќе детали за седумте деца на Пи Диди:

Квинси Тејлор Браун

33-годишниот Квинси не е биолошко дете на Диди.

Тој е син на Ким Портер и имал три години кога мајка му ја почнала врската со раперот.

По некое време, Диди го посвоил.

Денес тој работи како актер, модел и пејач, а во јавност имал само пофални зборови за татко му.

pi-didi-ima-7-deca-od-4-razlichni-zheni-edniot-sin-e-obvinet-za-obid-za-siluvanje-isto-kako-nego-03.JPG

Џастин Комбс

Најстарото биолошко дете на Диди е 30-годишниот Џастин, кој го доби со модната дизајнерка Миса Хилтон.

Тој има завршено социологија на UCLA, а слично како брат му, има добивано мали улоги во филмови и серии.

pi-didi-ima-7-deca-od-4-razlichni-zheni-edniot-sin-e-obvinet-za-obid-za-siluvanje-isto-kako-nego-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...

Најчитани неделава