Нови детали за трагичната смрт на Наја Ривера, која се удави - Син ѝ сакал да ја спаси со јаже, и денес се обвинува

Сега, скоро 5 години по нејзината смрт, поранешниот сопруг Рајан Дорси, во интервју за People ги сподели последните сеќавања на неговиот син од моментите пред несреќата.

„Тој постојано повторува едно исто - дека не можел да најде појас за спасување, дека на бродот имало јаже, но дека на него имало голем пајак, па му било страв да го земе во рацете и да го фрли во водата.

Упорно му кажувам дека јажето сигурно не било доволно долго и дека не направил ништо лошо, дека не е негова вина.

Но, мислам дека таа слика му е останата во главата, а тој и денес верува дека можел да ја спаси мајка си“, рекол Дорси.

pet-godini-po-davenjeto-na-naja-rivera-novi-detali-za-nejzinata-smrt-4-godishniot-sin-sakal-da-i-frli-jazhe-da-ja-spasi-03_copy.jpg

Иако не е докажано, тој верува дека неговата поранешна сопруга се удавила бидејќи ја „повлекле“ струи предизвикани од браната која се наоѓа близу местото на несреќата.

„Не знам што ќе правев ако ги изгубев двајцата, како ќе продолжев со животот“ - додал Дорси, кој и самиот е актер.

pet-godini-po-davenjeto-na-naja-rivera-novi-detali-za-nejzinata-smrt-4-godishniot-sin-sakal-da-i-frli-jazhe-da-ja-spasi-04.jpg

За синот, пак вели дека е копија на мајка му.

„Кога нема да го добие одговорот што го сака, продолжува да зборува. Многу сака да зборува - тоа го има наследено од Наја“, рекол Дорси.

pet-godini-po-davenjeto-na-naja-rivera-novi-detali-za-nejzinata-smrt-4-godishniot-sin-sakal-da-i-frli-jazhe-da-ja-spasi-02.jpg

Наја и Рајан беа во брак до 2018 година, кога го финализираа разводот, а по ова синот ѝ припадна на актерката.

Додека беа во брак, Наја беше обвинета за семејно насилство врз сопругот - тие биле на прошетка и почнале да се караат, по што Наја го удрила по главата и му ја раскрвавила устата.

pet-godini-po-davenjeto-na-naja-rivera-novi-detali-za-nejzinata-smrt-4-godishniot-sin-sakal-da-i-frli-jazhe-da-ja-spasi-11.jpg

Рајан тогаш ја пријавил во полиција, а таа по апсењето признала вина, но била ослободена со кауција.

Иако разведени, тие останаа во добри односи до смртта на Ривера, а Дорси и денес објавува фотографии од својата поранешна сопруга на Инстаграм.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...

Најчитани неделава