„Болат очи“ - Ким Кардашијан поттикна бес откако стави џиновска кукла на дување од себе, среде Њујорк (фото)
- Детали
- четврток, 06 март 2025
„Дури и куклата личи засрамено што е тука“, „Егоцентрично“ се дел од осудувачките коментари за потегот на Ким Кардашијан. Зошто таа стави кукла од себе среде Тајмс Сквер?

Ким Кардашијан стави џиновска кукла на дување, која е нејзина верзија во бикини, среде Њујорк.

Куклата од 18 метри е поставена на Тајмс Сквер и е дел од нејзината рекламна кампања за нејзините костими за капење „SKIMS swimwear“.

Таа е во сини бикини, какви неодамна носеше ријалити ѕвездата за време на една фотосесија на Бахамите.

Масивната кукла предизвика измешани реакции и додека многумина ја критикуваа, дел заклучија дека Ким ја постигнала својата цел и направила вистински маркетинг потег за кој се зборува.

Дел од коментарите се:
„Како ова е добар маркетинг? Изгледа очајно и буквално болат очи!“
„Засрамувачки е што стои тука...“

„Колку нереален приказ на женското тело“.
„Дури и куклата личи засрамено што е тука“.

„Егоцентрично! Можеби најлошата рекламна кампања досега“.
„Несоодветно! Деца и туристи поминуваат тука постојано“.





С. С. | Црнобело