Нови детали за бизарната смрт на Џин Хакман (95) и сопругата Бетси (65): Го терала да вежба, умрела од „скршено срце“

Според извор близок до парот, Бетси била исплашена дека ќе го изгуби 30 години постариот сопруг, па го терала да вежба и да се храни здраво. Медицинско лице кое работи на истрагата додава дека сосема возможно е Џин да починал од проблеми со срцето, додека Бетси од стресот што го почувствувала кога го видела мртов, односно од „скршено срце“.

novi-detali-za-bizarnata-smrt-na-dzhin-hakman-95-i-soprugata-betsi-65-go-terala-da-vezhba-umrela-od-skrsheno-srce-01.jpg

Смртта на актерот Џин Хакман и неговата сопруга Бетси Аракава уште е обвиена со мистерија и досега се предложени неколку можни причини.

95-годишниот актер и неговата 65-годишна сопруга беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико.

Мртво било и едно од нивните кучиња, додека две биле пронајдени живи во близина на домот.

novi-detali-za-bizarnata-smrt-na-dzhin-hakman-95-i-soprugata-betsi-65-go-terala-da-vezhba-umrela-od-skrsheno-srce-09.JPG

Според надлежните, мала е веројатноста дека починале од труење со јаглероден моноксид бидејќи во домот немало знаци на протекување на гасот.

Додека трае истрагата, медицинско лице кое работи на случајот сподели дека сосема возможно е Џин да починал прв, а потоа Бетси да умрела од „скршено срце“.

Според него, надлежните се сомневале за заедничко самоубиство, но поверојатно било дека умреле од природна смрт.

novi-detali-za-bizarnata-smrt-na-dzhin-hakman-95-i-soprugata-betsi-65-go-terala-da-vezhba-umrela-od-skrsheno-srce-08.JPG

И, поради ова, теоријата за „скршеното срце“ делувала релевантно.

„Џин имаше проблеми со срцето. Имаше пејсмејкер. Па, неговата смрт не е нешто необично. Она што е чудно е зошто и Бетси починала.

Па, почнувате да се прашувате – постојат случаи каде што стресот од тоа да видите сакана личност мртва може да предизвика смрт“.

novi-detali-za-bizarnata-smrt-na-dzhin-hakman-95-i-soprugata-betsi-65-go-terala-da-vezhba-umrela-od-skrsheno-srce-03.JPG

Се верува дека Џин и Бетси биле мртви извесен период пред да бидат пронајдени, додека пејсмекерот на актерот последно бил активен девет дена претходно.

Надоврзувајќи се на теоријата за скршеното срце, извор близок до парот открива дека Бетси била многу исплашена дека ќе го изгуби Џин кој е 30 години постар од неа.

„Бетси веруваше дека физичката активност е најважна за неговото здравје“, вели изворот за Daily Mail.

novi-detali-za-bizarnata-smrt-na-dzhin-hakman-95-i-soprugata-betsi-65-go-terala-da-vezhba-umrela-od-skrsheno-srce-02.JPG

Бетси, која работеше во фитнес-центар, не сакала Џин да користи бастун, уше помалку инвалидска количка, без разлика што актерот имаше 95 години.

Исто така, го терала да вежба јога и таи чи, но и да прави „вежби за постари луѓе“ за зајакнување на мускулите и подобрување на рамнотежата.

Изворот вели дека Бетси инсистирала да живеат во Санта Фе бидејќи верувала дека таа област е „духовен вител“ каде што имало многу духовна енергија.

novi-detali-za-bizarnata-smrt-na-dzhin-hakman-95-i-soprugata-betsi-65-go-terala-da-vezhba-umrela-od-skrsheno-srce-06.JPG

Бетси отсекогаш била во топ форма и своите животни навики ги наметнувала и на Џин.

Додека актерот обожавал брза храна, Бетси не му давала да јаде ништо освен здрави намирници.

novi-detali-za-bizarnata-smrt-na-dzhin-hakman-95-i-soprugata-betsi-65-go-terala-da-vezhba-umrela-od-skrsheno-srce-05.JPG

Џин сакал да игра голф и сметал дека тоа му е доволна физичка активност на оваа возраст, но Бетси го терала да пешачат и постојано да се движат.

А, бидејќи била толку исплашена дека ќе го изгуби, сосема возможно е да умрела од стресот кога го пронашла мртов.

Прочитајте и: Биле како мумифицирани: Мистериозната смрт на актерот Џин Хакман и сопругата, кои живееја изолирани од светот

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...

Најчитани неделава