Стив Ирвин ја крстил ќерката по име на крокодил – Забавни приказни зад имињата на познатите
- Детали
- сабота, 13 септември 2025
Леонардо ди Каприо го добил името по Леонардо да Винчи затоа што почнал да клоца во стомакот на мајка му додека гледале негова слика. Сијара била крстена по парфем на Revlon што многу ѝ се допаѓал на мајка ѝ.

Нечии имиња се добиени во спомен или за почит кон некој член на семејството, други пак, само затоа што се убави, но некои имаат подлабока инспирација.
Познатите личности низ годините откриле како ги добиле своите имиња и која е приказната зад нив.
Некои имаат големо значење, некои се симболични, а има и такви кои сигурно не би ни помислиле дека се вистинити:
Леонардо ди Каприо го добил името по Леонардо да Винчи
„Татко ми ми кажа дека кога биле на меден месец во Фиренца, барале слика на да Винчи, а во тој момент сум почнал да клоцам силно во стомакот на мајка ми додека била бремена. Татко ми го сфатил тоа како знак, па рекол – тоа ќе биде името на нашето момче“.

Сијара го добила името по парфем на Revlon
„Татко ми ѝ го подарил парфемот Ciara од Revlon и се вљубила во мирисот и името, драго ми е што сега сум амбасадор за брендот“.

Лил Нас, чие име е Монтеро, е крстен по автомобилот Mitsubishi Montero
„Малку е срамно, но не се срамам. Мајка ми сакала Montero, а никогаш немала, па да, крстен сум по автомобил“.

Ума Турман го добила името по божицата Ума
Како дете, била исмејувана за необичното име, кое го добила по хинду божицата на љубовта, убавината и хармонијата, Парвати, а едно од многуте имиња кои ги има е и Ума. Таткото на Ума Турман бил експерт за будизам.

Селена Гомез е крстена по Селена Кинтаниља
Таа била позната пејачка, а родителите на Гомез биле нејзини големи фанови во 90-тите. Сега и таа ја доживува како инспирација, посебно откако ја изгледала серијата за неа.
