Татко ѝ „крадеше“ процент од нејзината заработка, троши неразумно: Како Бритни Спирс остана без пари?
- Детали
- недела, 04 мај 2025
Се проценува дека Бритни Спирс има само околу 3 милиони долари на располагање, додека околу 50 милиони долари и се „врзани“ за недвижнини и инвестиции, па не може да ги користи. Покрај обвинувањата дека татко ѝ ѝ ги трошел парите, Бритни плаќаше висока алиментација, а и трошела неразумно откако се ослободи од легалното старателство.
Бритни Спирс важи за една од најголемите поп ѕвезди во светот и на врвот на кариерата во 2000-тите, нејзиното богатство се проценуваше на повеќе од 100 милиони долари.
Со секоја турнеја, пејачката заработуваше над 50 милиони долари, но имаше и други приходи, како настапите во Лас Вегас и рекламните кампањи за познати брендови.
Но, денес богатството на Бритни се проценува на нешто помалку од 50 милиони долари, од кои повеќето пари се „врзани“ за недвижнини и инвестиции, па не може да ги користи.
Од овие пари, се проценува дека пејачката има само околу 3 милиони долари кои ѝ се достапни за трошење.
Колку заработуваше Бритни и што се случи со нејзините пари?
Заработка од албуми и турнеи
Нормално, Бритни најмногу заработуваше од продажбата на албуми и турнеите.
До 2017-та, пејачката имаше продадено над 150 милиони копии од нејзините албуми, а на врвот на кариерата заработуваше и до 10 милиони со секој нов албум.
Истовремено, пејачката заработуваше многу пари од нејзините турнеи. Во кариерата, таа одржа 10-тина турнеи кои секогаш беа целосно распоредени.
Најмногу заработи со турнејата The Circus Starring Britney Spears – речиси 200 милиони долари. Најниска заработка има од турнејата M+M’s од 2007-ма, но тогаш имаше само шест концерти кои ѝ донесоа околу 300.000 долари.
Заработка од рекламни кампањи
Како една од најпознатите личности на планетата, Бритни соработуваше со најголемите брендови во светот.
Само од соработката со Pepsi во раните 2000-ти, пејачката заработи дури осум милиони долари.
Има своја линија парфеми
Како многу познати личности, и Бритни стана дел од бјути индустријата, а може да се пофали и со доста успешна линија парфеми.
Таа го издаде првиот парфем во 2004 година и брендот брзо се прослави, па до 2012-та имаше продадено парфеми во вкупна вредност од дури 1,5 милијарди долари.
Од нејзиниот прв парфем се продаваа и по 700 милиони амбалажи секоја година.
Се претпоставува дека со линијата парфеми, пред повеќе од една деценија, Бритни заработувала и до 50 милиони долари годишно.
Денес нејзиниот бренд не е популарен како порано и сигурно оваа заработка е драстично намалена.
X-Factor, настапите во Лас Вегас и продажбата на мемоарите
Бритни Спирс беше дел од жирито на американското издание на X-Factor во 2012 година и со тоа заработи 15 милиони години.
Додека беше под старателство на татко ѝ, пејачката редовно настапуваше во Лас Вегас и во периодот 2013-2017 има заработено скоро 140 милиони од овие концерти.
Нејзините мемоари, пак, кои беа издадени пред некоја година, исто така ѝ донесоа добра заработка. Не е позната точната сума, но се претпоставува дека има заработено најмалку 20 милиони од книгата.
На следната страница, што се случи со парите на Бритни...
Би можело да ве интересира:





