Татко ѝ „крадеше“ процент од нејзината заработка, троши неразумно: Како Бритни Спирс остана без пари?
Татко ѝ лошо менаџирал со нејзините пари
Таткото на Бритни ѝ беше легален старател скоро 13 години, односно до 2021-ва. Овој период, тој имал целосна контрола над нејзините средства и наводно трошел многу пари за себе.
Самиот си доделил плата од 16.000 долари месечно, како и уште 2.000 долари месечно за „изнајмување канцелариски простор“.
Тој добивал и процент од парите што Бритни ги заработувала овој период.
Се шпекулира дека тој земал многу повеќе пари на пејачката, додека неа ѝ давал џепарлак од околу 2.000 долари неделно.
Бритни самата го обвинуваше татко ѝ дека буквално ѝ ги крадел парите, додека ја присилувал да настапува во Лас Вегас за да продолжи да заработува.
Не е познато колку точно пари татко ѝ заработил на нејзиниот грб, но сигурно во прашање се милиони.
Ја чинеше и разводот од Сем Ашгари
Бритни и Сем соопштија дека ќе се разведуваат во 2023-та, 14 месеци по свадбата. Тогаш извори блиски до пејачката споделија дека таа направила предбрачен договор со кој си го заштитила богатството.
Тие го финализираа разводот во мај 2024-та, но и покрај предбрачниот договор, таа сепак му платила одредена сума на Сем.
Според неофицијални извори, Бритни веројатно му дала околу два милиони долари, но ова не е потврдено.
Му плаќа алиментација на Кевин Федерлајн
Бритни има два сина со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн и плаќаше алиментација за нив пред да наполнат 18 години.
Првично таа плаќаше по 20.000 долари алиментација, плус 15.000 долари месечно за други трошоци. Потоа Кевин побара поголема сума, но не е познато што се договориле.
Двете деца веќе наполнија 18 години, па Бритни е ослободена од обврската за алиментација.
Веќе не работи, а трошела несовесно
Во 2019 години, Бритни изјави дека најверојатно никогаш нема да работи во музичката индустрија. Истовремено, нема направено никаков договор со познат бренд, што значи заработката ѝ е драстично намалена.
Но, и покрај ова, наводно Бритни трошела несовесно.
Секоја година трошела стотици илјадни долари за патувања и уште повеќе за предмети низ домот и облека.
Па, затоа и останала со околу 3 милиони долари на располагање.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





