Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс?
- Детали
- сабота, 10 мај 2025
„Знам колку е тешко кога луѓето (папараци и фанови) постојано те вознемируваат, ти викаат, те следат... тоа самото во тебе го разгорува целото лудило“, вели Бен Афлек и зборува за Бритни Спирс.
Бен Афлек (52) призна дека некогаш чувствувал жал за Бритни Спирс и емпатија додека папараците ја следеле за време на нејзиниот тежок период.
„Пред многу години, навистина имав голема емпатија кон Бритни Спирс“, изјави Бен Афлек неодамна во подкастот „This Past Weekend With Theo Von“.
„Се сеќавам, ми изгледаше дека тие луѓе ја следат во време кога можеби има, а можеби и нема потешкотии... Но, изгледа претешко да се живее така“.
Бен појасни дека само претпоставувал дека Спирс можеби се соочувала со проблеми кога папараците ја следеле, бидејќи не ја познавал лично.
„Не знам за сигурно, бидејќи не ја познавам, но знам дека луѓето што постојано те вознемируваат, ти викаат, те следат... тоа самото во тебе го разгорува целото лудило“.
„За случајот со Бритни беше првиот пат кога помислив дека ова е некоја чудна, ненамерна, колективна суровост, каде што од сликата што ја гледаш е извадена од контекстот“.
Тој објасни дека фотографиите на славните личности каде што изгледаат нервозно се резултат на тоа што фотографите ги провоцираат.
„Сѐ што гледате е животното што ‘ржи, кога провоцираат“, изјави Афлек, кој многупати досега бил фотографиран во такво издание.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





