Не сакала да се мажи, но попуштила: Факти за единствениот брак на Вера Ванг, кој траеше дури 23 години
Дизајнерката изјави дека нејзините ментори и пријатели – Ралф Лорен и Ана Винтур – со години ја притискале да се венча и на крај таа попуштила.
„Па, стапив во брак. Има денови кога не сум среќна што се венчав, но има и денови кога сум многу радосна. Сопругот отсекогаш ме разбирал“.
Низ годините, модната куќа на Вера продолжуваше да расте, а сопругот секојпат беше покрај неа.
Во 2010-та, тој стана дел од менаџментот на модната куќа на Вера, а во 2012-та, таа го прошири бизнисот во Австралија, отварајќи продавница за венчаници во Сиднеј.
Сепак, и покрај сложната бизнис соработка, нивниот брак се распадна.
„Вера Ванг и Артур Бекер заеднички одлучија да се разделат. Ќе останат посветени родители на нивните ќерки.
Тие нема да дозволат разделбата да има влијание врз раководењето со компанијата. И двајцата работеа многу напорно за да ја изградат“, гласеше официјалната најава за нивниот развод во јули 2012 година.
Сепак, разделбата имаше мало влијание врз продажбата на венчаниците на Вера, а некои сметаат дека нејзината колекција пред разводот е како отсликување на нејзиниот љубовен живот.
Имено, истата година кога се разведе, Вера направи линија црни венчаници.
Оттогаш, ни Вера ни Артур немаат кажано ништо за разводот и уште никој не знае зошто се разделиле.
Во 2013-та се јавија шпекулации дека Вера имала афера со 27-годишен олимписки натпреварувач, и дека можеби ова е причина за разводот.
Сепак, Вера ги негираше гласините, а за бившиот сопруг само спомна дека секогаш ќе биде дел од нејзиниот живот.
Вера е во добар однос со нејзините ќерки, иако ретко се појавува со нив во јавност и главниот фокус ѝ е брендот.
И самата вели дека е воркахолик.
„За мене, искрено, е секојдневна борба – немам многу рамнотежа во животот. Работата е целиот мој живот и ме одржува фасцинирана, со страст, но и исплашена, загрижена и под стрес.
Но, мојата кариера ми овозможи многу исполнет живот“.
Прочитајте и: Ја натерале да се омажи за да не остане сама, позната е и по тоа што „не старее“ и на 70 години – Факти за Вера Ванг
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





