Најде љубов по малтретирањето од Пи Диди, очекува трето дете: Која е Кеси, бившата девојка на озлогласениот рапер?
- Детали
- сабота, 17 мај 2025
Кеси Вентура имала само 19 години кога го запознала Пи Диди. Некако ја натерал да потпише договор со неговата продукциска куќа за 10 албуми, па на овој начин добил контрола над нејзината кариера. Врската ја почнале кога Кеси имала 21, а Диди дури 38 години.
Пејачката Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура, периодов е во центарот на вниманието поради судењето на озлогласениот музичар и продуцент Пи Диди.
Цели десет години, Кеси беше во врска со Пи Диди, а сега е главниот сведок во целиот случај.
Музичарот е обвинет за неколку злодела, вклучувајќи трговија со луѓе, принудна проституција и рекетирање, а додека биле заедно, Кеси била жртва на ментално, физичко и сексуално насилство од страна на Диди.
Која е Кеси Вентура и како се вплеткала со обвинетиот музичар?
Родена во 1986-та во Конектикат, Кеси Вентура сакала да стане дел од забавната индустрија уште во тинејџерските години.
На 14-годишна возраст почнала да работи како модел и се појавувала во каталози, реклами, па дури и во магазинот Seventeen кој тој период бил хит во САД.
Додека одела во училиште, паралелно Кеси работела и како модел, а по завршувањето на средното училиште се преселила во Њујорк со надеж да продолжи со кариерата.
Овде го запознала музичкиот продуцент Рајан Лесли кој го забележал и нејзиниот талент за пеење.
Па, во 2004 година, со негова помош Кеси ја издаде нејзината прва песна – Ме & U – која беше огромен хит и кај нас.
Токму поради оваа песна, Кеси била забележана од Пи Диди кој дотогаш веќе имаше моќна продукциска куќа.
Па, ѝ понудил да потпишат договор и преку неговата продукциска куќа Bad Boy Records да издаде албум.
Во 2006 година, Кеси го издаде својот деби албум, на кој Диди е потпишан како продуцент.
Не е познато кога точно ја почнале врската со Диди, но првите гласините појавија во 2007-ма, кога Кеси имаше 21, а Диди околу 38 години.
Тој период, Кеси стана заштитно лице на модниот бренд на Диди, а раперот, пак, стави крај на неговата долга врска со Ким Портер.
Сепак, ни тој ни Кеси не ја потврдија врската сè до 2012-та, кога заедно почнаа да се појавуваат на настани.
Во 2014 година, Диди сподели фотографија на која Кеси носи дијамантски прстен, па се јавија шпекулации дека можеби се свршиле.
Но, веројатно прстенот бил само подарок бидејќи ни на судењето Кеси не кажа дека биле свршени.
Сепак, веќе следната година тие раскинале. Тогаш не се знаеше за развратното (и криминално) однесување на Диди, па се шпекулираше дека тој ја изневерил со помлад модел. Разделбата траеше кратко, но не е познато кога точно се смириле.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





