Најде љубов по малтретирањето од Пи Диди, очекува трето дете: Која е Кеси, бившата девојка на озлогласениот рапер?

Првиот инцидент со парот се појави во 2016 година, кога Кеси и Диди наводно почнале да се расправаат додека се возеле низ Лос Анџелес.

Според изворите, тогаш раперот ѝ го одзел телефонот на Кеси и ја оставил во автомобилот, но наводно подоцна отишол кај неа дома за да ѝ го врати.

Изворите тврдат дека мајка ѝ на Кеси тогаш повикала полиција, по што бил направен записник за мал инцидент со домашно насилство.

najde-ljubov-po-maltretiranjeto-od-pi-didi-ochekuva-treto-dete-koja-e-kesi-ventura-bivshata-devojka-na-ozloglaseniot-raper-2.JPG

Дури во 2023-та, јавноста дознава дека овој период, односно во 2016-та, Кеси е брутално претепана во хотел додека пробувала да си замине дома бидејќи не сакала да оди на развратните забави на раперот.

Во меѓувреме, Кеси издава уште неколку песни, сите во продукција на Диди. Впрочем, таа потпишала договор за десет албуми со неговата продукциска куќа, па поради ова раперот имал контрола над нејзината кариера.

Самата има изјавено дека снимила стотици песни, од кои повеќето воопшто не биле издадени, како и дека никогаш не ги добила парите од продукциската куќа на Диди.

Со ова, нејзината музичка кариера стагнирала. 

najde-ljubov-po-maltretiranjeto-od-pi-didi-ochekuva-treto-dete-koja-e-kesi-ventura-bivshata-devojka-na-ozloglaseniot-raper-09.JPG

Во 2018 година, Диди, кој дотогаш имаше шест деца од три различни жени, изјави дека би сакал да има дете и со Кеси.

„Многу сакам деца. Пробувам да стигнам до десет. Мислам дека без проблем можам да стигнам до осум. Она што треба да се случи во иднина, ќе се случи… Секако, сакам да имам и дете со мојата девојка (Кеси)“.

Но, истата година тие раскинаа, а јавноста дозна неколку месеци подоцна.

Во своето сведочење, Кеси откри дека кога раскинале, Диди ја силувал.

najde-ljubov-po-maltretiranjeto-od-pi-didi-ochekuva-treto-dete-koja-e-kesi-ventura-bivshata-devojka-na-ozloglaseniot-raper-11.JPG

Додека беше со Диди, Кеси го запознала Алекс Фајн – личен тренер кој Диди го најмил за неа.

Кратко по разделбата со раперот, таа почна врска со него, а неколку месеци подоцна открија дека очекуваат и дете, но и дека сакаат да се венчаат.

По најавата за свршувачката, Кеси добивала закани од Диди за врската со личниот тренер. На заканувачките пораки, и Кеси вратила со закана дека ќе каже сè што се случувало во нивната врска.

Кеси и сопругот се венчаа во 2019-та, истата година добија ќерка, а во 2021-ва добија и второ дете.

najde-ljubov-po-maltretiranjeto-od-pi-didi-ochekuva-treto-dete-koja-e-kesi-ventura-bivshata-devojka-na-ozloglaseniot-raper-08.JPG

По раѓањето на второто дете, Кеси решила дека е време да се соочи со Диди, па го тужеше за силување.

„По години молчење и темнина, конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна за мене и за другите жени кои се соочуваат со насилство и малтретирање во нивните врски“, беше наведено во тужбата на Кеси од ноември 2023-та.

Раперот ги негираше обвиненијата, а подоцна направија приватна спогодба во која Кеси откри дека добила 20 милиони долари за да молчи.

Но, во меѓувреме се појавија и други жртви на раперот кои поднесоа тужби, а во 2024-та се појави и видеото во кое Диди ја претепува Кеси.

Диди се извини, но истрагата веќе беше почната и надлежните откриле докази за многу повеќе злодела.

najde-ljubov-po-maltretiranjeto-od-pi-didi-ochekuva-treto-dete-koja-e-kesi-ventura-bivshata-devojka-na-ozloglaseniot-raper-06.JPG

Раперот беше уапсен, а Кеси јавно се заблагодари за поддршката.

„Благодарам за љубовта и поддршката од моето семејство, пријателите, но и луѓето кои допрва треба да ги запознаам. Љубовта што ја добивам ми создаде место каде што се чувствувам безбедно, но ова е само почетокот.

Семејното насилство е проблем. Ме скрши и ме претвори во личност која никогаш не мислев дека ќе станам. Со напорна работа, денес се чувствувам подобро, но целиот живот ќе закрепнувам од моето минато“.

Изминативе неколку години, Кеси се појавуваше на јавни настани, но повеќе се фокусира на приватниот живот. Сопругот ѝ е голема поддршка и ја придружуваше во судницата додека сведочеше против Диди.

Иако извесен период не е активна во индустријата, можно е да ѝ се врати на музиката кога ќе заврши судењето на Диди.

Погледнете и: „Постојано имав инфекции од развратните забави, ме силуваше кога му раскинав“: Второ вознемирувачко сведоштво на бившата на Пи Диди

najde-ljubov-po-maltretiranjeto-od-pi-didi-ochekuva-treto-dete-koja-e-kesi-ventura-bivshata-devojka-na-ozloglaseniot-raper-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Соработник на Диди за неговата мрачна страна: „Не чувствува емоции, веќе планира турнеја за кога ќе ... И покрај потресните сведоштва, Пи Диди доби само четири години зад решетки. Сега...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...

Најчитани неделава