Џастин Бибер првпат се огласи за шпекулациите дека бил силуван и од Диди: „Да не го тргаме фокусот од жртвите“
- Детали
- петок, 16 мај 2025
Џастин Бибер првпат прозборе за шпекулациите дека бил жртва на Диди – преку својот портпарол, пејачот тврди дека не бил малтретиран, но дека многу луѓе сепак страдале од озлогласениот музичар и продуцент.
Преку својот портпарол, Џастин Бибер првпат се огласи за шпекулациите дека и тој бил една од многуте жртви на музичарот и продуцент Пи Диди.
Во тек е судењето против Диди кој одговара за низа злодела, вклучително силување и трговија со луѓе.
Откако официјално беше обвинет, јавноста почна да шпекулира дека Џастин Бибер бил сексуално малтретиран од него на почетокот од кариерата, односно додека бил тинејџер.
Некои претпоставуваат и дека влошеното ментално здравје на Џастин е поради малтретирањето од Диди.
Сега, Џастин првпат се огласи за шпекулациите преку неговиот портпарол.
„Иако Џастин не е една од жртвите на Шон Комбс (вистинското име на Пи Диди), има луѓе кои беа сериозно повредени од него.
Пренасочувањето на фокусот од оваа реалност, ја одзема правдата која жртвите со право ја заслужуваат“, гласи изјавата за магазинот TMZ.
Други извори блиски до Џастин, повторно за TMZ, потврдуваат дека пејачот никогаш не бил малтретиран од Диди.
На почетокот од кариерата, Џастин соработуваше со Диди, а од овој период почна да се споделува и морничаво видео од нив двајцата.
Во видеото, Џастин има едвај 15 години, а Диди најавува дека заедно ќе поминат 48 часа, но дека нема да кажуваат што прават.
Видеото, кое беше објавено во 2016-та, не привлече многу внимание, но од сегашна перспектива, според многумина делува вознемирувачки.
Сепак, извори блиски до пејачот велат дека не се случило ништо лошо бидејќи тој период, Диди го гледал Џастин како свој син и бил поблизок со него, отколку со своите деца.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





