Џастин Бибер првпат се огласи за шпекулациите дека бил силуван и од Диди: „Да не го тргаме фокусот од жртвите“
Иако Џастин не бил жртва на Диди, тешко се справил со сите обвиненија против него.
„Џастин е вознемирен за новостите за Диди и не сака да зборува за тоа. Многу луѓе кои му помогнале во кариерата се блиски со Диди, па ова му беше е потполно неочекувано“.
Исто така, Џастин сега жалел што соработувал со Диди во 2023 година за неговиот последен албум.
„Направи долга пауза од Диди и смета дека сето ова (за коешто е обвинет) се случувало тој период. Па, Џастин се дистанцира од него.
Сепак, беше дел од неговиот нов албум, но ако знаеше за злоделата, немаше да соработува со него“.
Иако Џастин можеби не бил жртва на Диди, јавноста смета дека сепак бил експлоатиран и оставен потполно сам.
„Никој не го заштити. Дури ни неговото семејство. Се надевам дека конечно ќе може да закрепне“, гласи еден од коментарите на фановите.
Во последно време, Џастин загрижува со своето однесување – објавува бизарни видеа, се однесува чудно во јавност и како да се фали дека користи дрога.
Според извори блиски до него, имаат и проблеми во бракот со Хејли, како и дека бил во толку лоша состојба, што пријателките ја молеле да го остави.
Судењето на Диди, пак, веќе е започнато и ќе трае десет недели. Досега раперот се соочи со тројца сведоци, вклучувајќи ја и поранешната девојка Кеси Вентура, чија тужба против него го започна целиот случај.
Прочитајте и: „Постојано имав инфекции од развратните забави, ме силуваше кога му раскинав“: Второ вознемирувачко сведоштво на бившата на Пи Диди
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





