„Можеш да стоиш под мојот чадор“ – Бремената Ријана и Ејсап Роки се најзаљубениот пар на Кански фестивал 2025
- Детали
- вторник, 20 мај 2025
Бремената Ријана го поддржа сопругот на неговата премиера, а тој не ги тргна рацете од нејзиното стомаче и нежно и вљубено ја бакнуваше, но ѝ држеше и чадор за време на дождот, па сите се потсетија на нејзините стихови „You can stand under my umbrella“.
На почетокот на месецот, на Мет гала 2025, Ријана откри дека е повторно бремена и го покажа трудничкото стомаче.
Сега, во понеделникот, таа повторно ги привлече сите погледи на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, кога се појавија заедно со Ејсап Роки на премиерата на филмот во кој глуми тој, Highest 2 Lowest.
37-годишната пејачка, која веќе ги има синовите RZA и Риот, блеска во третата бременост покрај саканиот.
Таа беше облечена во долг син фустан со отсечоци од страните, а нејзиниот партнер облечен во црно одело, речиси не ги тргаше рацете од неа и нејзиното стомаче.
Двајцата постојано разменуваа нежности, позираа вљубено додека се прегрнуваат и бакнуваат, а ниту лошото време и дождот не ја уништи нивната добра расположеност.
Кликнете на видеото:
На црвениот тепих, 36-годишниот рапер држеше чадор под кој стоеја двајцата, а многумина моментот го поврзаа со стих од нејзината песна кој гласи „You can stand under my umbrella“ (Можеш да стоиш под мојот чадор).
Погледнете повеќе фотки:
Прочитајте и Ејсап Роки падна врз Ријана за да ја прегрне, таа плаче од среќа – раперот избегна 24-годишна казна затвор (видео)
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





