Ќерките близначки на Пи Диди во ист аутфит прославија матура, додека тој е во затвор + нови детали од судењето на озлогласениот музичар
Во првата недела од судењето на татко им, Џеси и Д’Лила се појавија во судница за да го поддржат музичарот.
Но, за време на едно сведочење, наводно двапати излегле од судницата поради вознемирувачките детали кои биле споделени.
Додека девојките слават матура, татко им се соочува со други сведоци, вклучително и луѓе кои имаат поднесено тужба против него.
По сведочењето на бившата девојка Кеси Вентура, во судницата се појави Дон Ричард – пејачка која го тужи музичарот за сексуално малтретирање.
Таа ги потврди тврдењата на Кеси изјавувајќи дека и самата сведочела на насилството што го трпела.
Дон Ричард
Дон, која имала потпишано договор со продукциската куќа на Пи Диди, вели дека музичарот мразел кога некој друг разговара со Кеси и тогаш станувал насилен.
Диди ја напаѓал Кеси и кога таа пробувала да се одбрани.
„Почнуваше да ја влече, да ја клоца, да ја удира по устата. Ја напаѓаше кога Кеси пробуваше да истапи за себе“.
Друг сведок кој се појави во судницата е Кери Морган која ѝ била најдобра пријателка на Кеси додека беше во врска со музичарот.
И таа го потврди насилството, додавајќи дека тој бил толку опседнат со Кеси, што се случувало да ѝ се јавува 50 пати по ред.
Кери Морган (лево) и Кеси (во средина)
Кери Морган откри дека во една пригода и таа била жртва на Диди, односно почнал да ја удира, а на крај ѝ дал 30.000 долари за да молчи за инцидентот.
„Бевме кај Кеси дома и слушавме музика. Таа отиде до тоалет… Влезе Диди, претпоставувам дека имал клуч без Кеси да знае.
Јас седев во дневната соба и тој ме фати одзади и почна да ме дави. Кога станав, ме удри со закачалка“.
Три од децата на Диди на судењето
Наводно, Диди упаднал во домот на Кеси бидејќи мислел дека го изневерува.
„Додека ме напаѓаше ме прашуваше со кого го изневерувала Кеси. Му реков дека не знаев. Диди полуде“.
Поранешната пријателка на Кеси вели дека сакала да поднесе тужба, но се премислила кога Диди ѝ ги дал парите.
Диди со Ким Портер
Потоа се сретнала и со Кеси која ја натерала да потпише договор за молчење и вели дека оттогаш се немала видно ниту со неа, ниту со Диди.
Минатата недела, сведочеше и Кеси Вентура која изнесе потресни и вознемирувачки детали од нивната врска, но и секс забавите што ги организирал музичарот.
Судењето ќе трае десет недели.
Прочитајте и: Најде љубов по малтретирањето од Пи Диди, очекува трето дете: Која е Кеси, бившата девојка на озлогласениот рапер?
Спирова С. | Црнобело