Ќерките близначки на Пи Диди во ист аутфит прославија матура, додека тој е во затвор + нови детали од судењето на озлогласениот музичар
- Детали
- вторник, 20 мај 2025
Додека Пи Диди одговара за низа криминални дела, вклучувајќи силување и принудна проституција, неговите 18-годишни ќерки прославија матура во идентични црвени фустани. Минатата недела тие беа на судење за да го поддржат татко им, но кога почнаа да се споделуваат вознемирувачки сведоштва, ја напуштија судницата.

Во тек е судењето на музичарот и продуцент Шон Комбс, попознат како Пи Диди, кој е обвинет за низа злодела, но ова не ги спречи неговите ќерки да прослават матура.
Музичарот ги доби близначките Џеси и Д’Лила Комбс со неговата поранешна (и почината) девојка Ким Портер.
18-годишните девојки избрале идентични аутфити за големата ноќ – и двете носеа ист долг црвен фустан украсен со светки. Дури и фризурите и маникирот им се потполно исти.
Девојките имаат заеднички Инстаграм профил каде споделија неколку фотки од матурската прослава.
Во коментари, добиваат само комплименти, а некои велат дека личат на мајка им Ким.
„Изгледате како мама!“
„Честитки девојки“.
„Убавици“
„Прекрасни сте. Изгледате како мајка ви“.
Ким Портер