Најубавото девојче на светот денес има 24 години и освојува низ Кан облечена во Dior џемпер (фото)
- Детали
- среда, 21 мај 2025
На 3 години ја прогласија за најубаво девојче на светот, денес на 24 шета низ Кан во Dior џемпер и освојува со едноставниот стајлинг, но со истата природна убавина и црти кои беа специфични и кога беше дете.
Деновиве низ улиците на Кан, вистинска атракција е француската убавица Тилaн Блондо.
Таа е позната како најубавото девојче на светот, која титулата ја доби уште кога имаше 3 години и освојуваше со своите специфични црти на лицето, сините очи и фотогеничноста.
Тилaн влезе во манекенските води уште на 4 години, кога првпат дефилираше на модната писта за Jean Paul Gaultier, а потоа на 10 години, беше најмладиот модел кој позирал за Vogue Париз.
Денес таа има 24 години и уште се занимава со моделство, а има соработувано со некои од најголемите модни куќи, како Miu Miu, Dolce & Gabbana, L'Oréal Paris, Versace, Ralph Lauren, Hugo Boss и многу други.
Во понеделникот, Тилaн беше забележана за време на Канскиот филмски фестивал, како излегува од хотел во лежерно издание, но сепак остави моден впечаток.
Тилон на Кански фестивал во 2024
Моделот носеше широки фармерки и Dior џемпер со завртени ракави, искомбинирано со очила за сонце и Hermes Birkin чанта.
На Инстаграм Стори таа објавува фотки од нејзиниот престој во хотелот во Кан, но и од уживањето по плажи и ресторани.
Погледнете повеќе фотки од Тилан:
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан Блондо?
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





