Ја изневери додека беше бремена, се шпекулира дека е виновен за нејзината смрт: Детали за врската на Пи Диди и Ким Портер
Диди ја нарекуваше Ким сродна душа, но сепак ја изневери
Ким самата откри дека односот меѓу неа и Диди се влошил додека била бремена со близначките, кога дознала дека музичарот добил дете со друга жена.
„Тој не е првиот маж кој изневерил. Не е првиот маж кој добил дете со друга жена наместо неговата девојка. Не е првиот ваков маж. Но, во оваа фаза од мојот живот, морав да преземам нешто“.
Ким откри и дека по некое време, Диди ѝ признал за детето од друга жена, но дури откако се породила.
„Ми рече дека се нашол во незгодна ситуација и дека веројатно добил дете со друга жена. Му реков ’Навистина? Но јас веќе знаев. Мило ми е што одлучи да бидеш маж‘.
Си помислив дека целата ситуација е толку лоша, што не можам ни да го почитувам. А, кај мене, штом некој ќе ја изгуби почитта, нема ни да го слушам што зборува“.
Инаку, во 2006 година, Диди ја доби ќерката Ченс со негова блиска пријателка. Неколку месеци подоцна се породи Ким.
И покрај драмата, заедно се грижеа за нивните деца
По раскинувањето, Диди и Ким успеаја да го задржат пријателскиот однос и заедно се грижеа за нивните деца.
„Ким е прекрасна мајка на нашите деца. Се знаеме многу години и отсекогаш сум се восхитувал на нејзината храброст и нејзината сила. Ние сме најдобри пријатели“, изјави Диди по разделбата.
Ким и Диди и заедно присуствуваа на настани за нивните деца, како меѓу нив да не се случило ништо.
Ким ненадејно почина
Во 2018-та, на само 47-годишна возраст, Ким Портер беше најдена мртва во нејзиниот дом. Подоцна надлежните соопштија дека според обдукцијата, Ким починала од пневмонија предизвикана од бактерија.
Наводно, околу четири дена пред смртта, Ким не се чувствувала добро и имала симптоми како кашлање, потење и болки во телото, кои само се влошувале.
Отишла на лекар каде добила лекови за болка, антибиотици и витамини, а денот пред смртта наводно кашлала крв. Во нејзиниот систем не биле најдени траги од алкохол или дрога.
Пи Диди во многу пригоди зборуваше за Ким:
„Таа е незаборавна личност. Кога дознав дека починала, ми се сруши светот. Три дена пред да почине не беше добра. Имаше грип, па ги испрати децата кај мене за да не се заразат.
Една ноќ ѝ се јавив и ми рече да внимавам на нејзините деца. Тоа ми го рече пред да почине“.
Некои веруваат дека Диди ја убил за да ја замолчи
Сепак, откако Кеси Вентура го обвини музичарот за силување и насилство, па започна цела истрага, јавноста почна да шпекулира дека можеби Диди е вмешан во смртта на Ким.
Ким никогаш не го обвинила за насилство, но почна да се шпекулира дека таа напишала книга во која сакала да ја открие мрачната страна на Диди. Наводно, книгата содржела извадоци од дневникот на Ким кои го покажувале вистинското лице на Диди.
Сепак, нејзините деца ги негираа овие гласини.
„Не е точно дека мајка ни напишала книга. И, секој кој тврди дека го има овој текст ве лаже. Ве молам разберете дека ’пријателот‘ кој зборува во име на мајка ни и во наше име, не ние пријател. Ниту, пак, ни мисли добро“, гласеше заедничка изјава на децата на Ким на Инстаграм.
Една од личностите кои тврдат дека Диди ја убил Ким е нејзиниот поранешен дечко – мажот со кого била во врска кога го запознала музичарот.
Тој тврди дека Ким стравувал за својот живот и пред да почине му кажала дека се плаши од Диди. Тој изјави и дека личните уредни на Ким, како телефонот, биле украдени по нејзината смрт.
Поранешниот дечко на Ким побара независна истрага за околностите на смртта на Ким, но желбата не му беше исполнета.
Блиските на Ким, поточно нејзините деца, остануваат на ставот дека таа починала од пневмонија и апелираат јавноста да престане со ширење шпекулации.
Погледнете и: Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 жени?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





