Софија Вергара во прегратка на мистериозен маж, по изјавата дека бара дечко кој е побогат од неа
- Детали
- четврток, 22 мај 2025
По кратката романса со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, ѕвездата на Modern Family има нова љубов.
Колумбиската актерка Софија Вергара, се чини дека има нов дечко - таа се појави на фестивалот во Кан со млад мистериозен маж, со кого се прегрнува, а тој нежно ја бакнува во образ.
Софија делува насмеана и среќна, и ужива покрај него.
Таа дури и им отпоздравува на фотографите кои ги направија фотките со мистериозниот маж.
Светските медиуми, пак, пишуваат дека по кратката романса со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, Софија повторно си најде љубовна среќа со помлад дечко.
Интересно е што актерката во едно скорешно интервју изјави дека веќе никогаш нема да е со некој кој има помалку пари од неа.
Запрашана што бара кај идниот партнер, таа одговори:
„Ми треба некој што е здрав, што ќе ме сака, да е висок, убав.
И да има пари колку мене, или повеќе, зашто во спротивно, врската ќе се претвори во кошмар. На крајот почнува да те мрази“.
Оваа изјава доаѓа по разводот со актерот Џо Манганиело, кој зеде голем дел од нејзиното богатство во бракоразводната парница.
Во времето додека беа во брак, богатството на Вергара се проценуваше на 180 милиони долари, додека она на Манганиело само на 40 милиони.
Таа во интервјуто додала и дека е тешко жена на 50+ години да најде љубов, па дека и покрај своите критериуми не треба да е претерано пребирлива.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





