Кој е пластичниот хирург што го „преработи“ лицето на Крис Џенер и ѝ ги избриша трагите од стареењето?
- Детали
- петок, 23 мај 2025
Станува збор за доктор кој важи за махер во фејслифтинг и прави процедури што делуваат природно, а е омилен меѓу холивудските ѕвезди и супермоделите - кој успеа да ги избрише брчките од лицето на 69-годишната Крис Џенер и да направи да изгледа блескаво и свежо?
Мозокот на семејството, што стои зад славата на Кардашијан кланот, е токму мама Крис Џенер.
Таа знаеше како да ги прослави ќерките и како да ги одржува во фокусот на вниманието, но и таа самата да биде атрактивна.
Последниов период, таа е актуелна по нејзиниот „нов изглед“, односно трансформацијата на лицето, што направи да изгледа како млада девојка, а не како 69-годишна жена.
На неколку појавувања, фановите не беа сигурни дали гледаат во Крис или во некоја од нејзините ќерки на кои многу наликува – најмногу ја споредуваа со Ким, Кортни или Кендал.
Светските медиуми очигледно не спиеле мирно додека не пронајдат кој е гуруто кој стои зад нејзиниот трансформиран изглед, кој делува природно, слично како оној на Линдзи Лохан.
Прочитајте повеќе: Која е српската докторка што ги „избриша“ трагите од години поминати со дрога и алкохол на лицето на Линдзи Лохан?
Но, овој пат, станува за друг доктор, а Page Six открива дека станува збор за д-р Стивен Левин.
Оттаму дознаваат дека нејзиниот освежен изглед е толку добро изведен, што други хирурзи скришно си ги земаат заслугите, иако не се нивни.
Гласините се расчистиле откако ПР тимот на Крис потврдил за Page Six: „Потврдуваме дека д-р Стивен Левин работеше неодамна на изгледот на Крис Џенер“, но не биле нагласени точните процедури кои се направени.
Доктор Левин е маестро за фејслифтинг од Њујорк, кој е омилен хирург меѓу холивудските ѕвезди и супермоделите, а е познат по корекциите на лицето, градите и телото кои изгледаат природно.
Со неговата експертиза тој нуди голем опсег на процедури, меѓу кои фејслифтинг, ринопластика, подмладување на регијата на очите и блефаропластика, контурирање на телото и корекции на градите, а цените за зафати на лице почнуваат од 45.000 долари па нагоре.
Крис деновиве објавува повеќе фотографии на кои го покажа нејзиниот блескав и свеж изглед, па останува да видиме дали ќе биде откриено каква магија поточно направил докторот на нејзиното лице.
Повеќе фотки од новиот изглед на Крис Џенер:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





