Ги извади имплантите, па направи операција за намалување на челото: Криси Тајген е опседната со козметички корекции
- Детали
- вторник, 27 мај 2025
Стави импланти во градите, па ги извади, отстрануваше масно ткиво од образите, направи липосукција под пазувите, а сега се пофали дека ја спуштила линијата на косата, односно направила операција за намалување на челото – кои се најлудите козметички корекции на Криси Тајген?
Откако откри дека одлучила да му се врати на алкохолот (по битката со алкохолизам), Криси Тајген се пофали дека направила уште една процедура за разубавување.
Сопругата на Џон Леџенд, која не крие дека е опседната со козметички корекции, сега одлучила да направи операција за намалување на челото.
Со оваа процедура се спушта линијата на косата, така што челото изгледа помало.
Криси најпрво се појави со завои на главата и потечено лице додека снимаше видео во живо на Инстаграм, со што ги загрижи фановите.
Кратко потоа сподели објава на Инстаграм Стори каде откри детали за операцијата. На објавата таа ги покажува и конците на челото од операцијата.
„Здраво пријатели! Многумина од вас се прашуваа за мојата фотка од болница, што е разбирливо бидејќи не ви дадов никакво објаснување. Направив процедура за спуштање на линијата на косата (намалување на челото).
Изгубив многу коса на предниот дел од бебињата и многу ми е проретчена на овој дел. Кога ме гледате на црвен тепих, секогаш носам екстензии“.
Криси додаде и дека ќе споделува детали за закрепнувањето.
Ова е далеку од првата козметичка корекција на Криси. На само 20-годишна возраст, Криси ставила импланти во градите, за во 2020-та да ги отстрани.
Таа се пофали и за оваа операција, изјавувајќи дека ѝ се смачило од големите гради.
„Само сакам да можам да закопчам фустан со мојата големина, да лежам на стомак и да ми биде удобно. Не грижете се за мене. Уште ќе имам гради“.
Следната година, Криси отстрани масно ткиво од образите – корекција што се чини дека е огромен хит кај славните дами.
И овој пат таа се пофали за корекцијата, изјавувајќи дека видела позитивна промена на лицето дури откако се откажала и од алкохолот.
Дефинитивно една од побизарните процедури што го има направено Криси е липосукција под пазувите. И самата има изјавено дека ова било најглупавото нешто што го направила, но барем се чувствувала посамоуверено.
Процедурата ја направила во 2008 година, а прозборе за ова дури во 2017-та.
„Ми го отстранија масното ткиво од под пазувите. Ова беше голема тајна, но не ми е грижа. Се чувствував поубаво во фустани, посамоуверено.
Липосукцијата под пазувите беше најглупавото нешто што сум го направила. Но, искрено, не жалам“, кажа Криси во интервју.
Во истото интервју, таа се пошегува на своја сметка, изјавувајќи:
„Сè на мене е вештачко, освен моите образи“.
Покрај липосукцијата, Криси откри дека редовно става ботокс под пазувите за да го намали потењето.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





