Руслана не старее 21 година по победата на Евровизија - фановите ја критикуваат дека става премногу ботокс

Пред само неколку дена (24 мај 2025) наполни 52 години, но со младешкиот лик и извајаното тело, Руслана воопшто не наликува на жена која е во шестата деценија од животот.

ruslana-ne-staree-21-godina-po-pobedata-na-evrovizija-fanovite-ja-kritikuvaat-deka-stava-premnogu-botoks.jpg

Кога во 2004 година победи на Евровизија со песната Wild Dances, Украинката Руслана стана еден од симболите на ова музичко натпреварување. 

Денес, 21 година по победата, за неа како времето да застанало.

ruslana-ne-staree-21-godina-po-pobedata-na-evrovizija-fanovite-ja-kritikuvaat-deka-stava-premnogu-botoks-02.jpg

Руслана изгледа сосема исто како пред 2 децении, а освен младешкиот лик, ја краси и извајано тело и истата прекрасна насмевка со којашто пленеше и кога пееше на Евросонг во Истанбул.

Но, тајната за нејзиниот совршен лик е ботоксот што го става и естетските корекции.

ruslana-ne-staree-21-godina-po-pobedata-na-evrovizija-fanovite-ja-kritikuvaat-deka-stava-premnogu-botoks-04.jpg

И иако тоа не е ништо драстично, фановите веќе некое време ја критикуваат дека претерува во желбата да остане вечно млада.

Руслана пред неколку дена наполни 52 години (родена е на 24 мај 1973 во Лавов, Украина) и воопшто не изгледа на жена која веќе влегла во шестата деценија.

ruslana-ne-staree-21-godina-po-pobedata-na-evrovizija-fanovite-ja-kritikuvaat-deka-stava-premnogu-botoks-03.jpg

Никогаш не одговара на критиките, туку со насмевка и позитивни пораки се труди да шири љубов околу себе.

Пејачката веќе долго време е и активист и се залага за правата на луѓето, оди на протести и апелира да стави крај на конфликтот во Украина.

И понатаму пее, па и покрај тоа што од Евросонг до денес сними многу песни, Wild Dances и понатаму останува нејзиниот најголем хит и „химната“ по која ја препознаваат.

Погледнете повеќе фотки од Руслана на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...
Гвинет Палтроу (52) ги покажа брчките на лицето, фановите ја фалат: „Конечно реална фотка, без филтр... Гвинет Палтроу старее природно и не се срами да објави фотка без филтри, на која...
Знаци дека бракот на Селена Гомез и Бени Бланко нема да трае, според фановите на пејачката Мислат дека премногу брзаат со важните одлуки како брак, го сметаат Бени за „ант...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Знаци дека Кортни Кардашијан и Тревис Баркер нема да издржат уште долго заедно Покрај тоа што се свршија и венчаа за многу краток период, Кортни и Тревис имаат...
Дејвид Бекам скока радосно по победата и прекачува ограда за фанови, а Викторија е ледена кралица – ... „Сепак со причина ја викаат Posh Spice, а не Sporty Spice / Бесценетиот момент к...

Најчитани неделава