Тајната сестра на Џиџи и Бела Хадид е убавица како нив: 20 години не знаеле дека постои, била доставувач на пица
- Детали
- петок, 30 мај 2025
Неодамна, Џиџи и Бела Хадид открија дека имаат полусестра за која ни самите не знаеле постои сè до крајот на 2023-та. Младата убавица е плод на кратка афера што татко им ја имал откако се развел со мајката на манекенките - Јоланда.

Моментално, Бела и Џиџи Хадид се меѓу најпознатите и најбараните модели, но знаевте ли дека имаат и полусестра која вистинска убавица како и нив?
Ајдан Никс има 23 години и е всушност полусестра на познатите манекенки.
Имаат заеднички татко, Мохамед Хадид, кој имал кратка афера со нејзината мајка. Бидејќи врската на нејзините родители била мошне кратка, јавноста не знаеше за младата девојка повеќе од две децении.
Самата не знаела кој е нејзиниот вистински татко, па ни Џиџи ни Бела ја немаа спомнато, сè досега.
Во изјава за Daily Mail, двете девојки велат дека се пресреќни за нивната „нова“ сестра. Тие се зближиле минатата година, додека Ајдан студирала во Париз, а веќе неколкупати се забележани заедно во ноќни клубови и на плажи.
Постојано биле во контакт и според изворите на Daily Mail, сè повеќе се зближуваат. Бела и Џиџи Хадид и официјално ги потврдија информациите со изјава за британскиот медиум.
„Пред 20 години, нашиот татко, додека бил сингл, имал кратка врска која довела до бременост. Ајдан е родена и порасната во Флорида, растела со маж кој го сакала како татко, сè до неговата смрт кога таа имала 19 години.
По неговата смрт, одлучила да направи ДНК тест, од љубопитност, и така ја открила поврзаноста со нас. Првпат се сретнавме кон крајот на 2023-та и од тој момент, ја примивме Ајдан во нашето семејство со отворени раце.
Минува време со сите нас, вклучувајќи го и татко ни, и многу го цениме ова неочекувано и убаво проширување на нашето семејство.
Како сестри, сме имале многу отворени и разговори полни со љубов за тоа како да ја поддржиме и заштитиме Ајдан. Ајдан и нејзиното семејство си ја сакаат својата приватност, и ние го цениме тоа.
Ги замолуваме и другите да го направат тоа и да ја почитуваат нејзината желба и нејзиното право на анонимност, додека си го живее животот во Њујорк“.
Можеби Ајдан не е светска ѕвезда како нејзините полусестри, но и таа била заинтересирана за мода.
Во средно била меѓу најдобрите ученици и тој период почнала да покажува интерес за мода. Додека учела средно, Ајдан и работела како доставувач на пица.
По матурирањето, се преселила во Менхетн со цел да се пробие во модната индустрија. И, досега учела кај неколку познати фотографи и стилисти.
Нејзината мајка, Тери Хетфилд Дул, и татко ѝ Мохамед се запознале по разводот на бизнисменот и Јоланда Хадид (мајката на Џиџи и Бела).
Мајка ѝ дознала дека е бремена кратко откако ставиле крај на врската. Наводно, Мохамед знаел дека има уште една ќерка, но според изворите на Daily Mail не плаќал алиментација и не пробувал да стапи во контакт со неа.
И покрај ова, денес Мохамед и Ајдан се во добри односи, иако бизнисменот одбива да зборува за неа - наводно сакал да ја почитува нејзината приватност.
Спирова С. | Црнобело