Шајло Џоли прегрната со девојка, по шпекулациите дека ќе го менува полот - Која е наводната партнерка на ќерката на Анџелина?
- Детали
- петок, 30 мај 2025
Откако во јавноста се појавија фотки на кои девојка ја прегрнува околу половината ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли среде улица, почнаа и коментарите дека двете девојки се во љубовна врска. Што знаеме за наводната девојка на Шајло?

Шајло Џоли, ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, наводно е во љубовна врска со девојка - Кеони Роуз.
Британскиот Daily Mail објави ексклузивни фотографии од двете девојки, а на кои се гледа како Кеони ја држи Шајло околу половината додека минуваат улица.

По ова почнаа шпекулациите дека тие се во љубовна врска и дека Шајло ја откри својата сексуалност во јавноста.

За најстарата ќерка на Бред и Анџелина отсекогаш имало шпекулации - дека е трансродово дете, дека сака да го смени полот и овие коментари и пишувања во медиумите беа особено изразени додека беше мала, носеше кратка машка фризура и се облекуваше како момче.

Откако во јавноста се појави со долга коса, женствена и во фустани, коментарите за промена на полот престанаа.

Но, сега е повторно во центарот на вниманието, откако во јавноста се појавија фотографиите со Кеони.
Што знаеме за наводната девојка на Шајло?
Родена е и пораснала во Лос Анџелес.
Кеони е танчарка и со Шајло се запознала токму во танцовото студио каде што тренираат двете - VAM Studios School of Dance.

Нејзина специјалност се хип-хоп танците, степувањето и класичниот балет.
Таа е и модел, па се појави како манекенка на неколку ревии на Seattle Fashion Week.

Освен што танцува, Кеони свири на тапани и пее.
Има две хобија - сликање и готвење.

Како дете се натпреварувала на Hollywood Tap Fest.
Минатата година била член на танцов театар во Единбург, Шкотска.
